21.8 C
Скопје
18:35 - 27 април, 2024

И АДЕЛ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА КАЈ ОПРА: За губењето на сонот за совршено семејство, анксиозноста, слабеењето

адел, опра винфри

Адел прозборе за нејзиниот развод, губењето на сонот за совршено семејство, за нејзината тежина и за нејзиниот покоен татко во искрено интервју со Опра Винфри, пренесува „Гардијан“.

Пејачката откри дека се чувствува „засрамено“ што не можела да го „спаси“ бракот со Сајмон Конецки.

„Цел живот бев опседната со совршено семејство, бидејќи никогаш не потекнував од такво семејство“, рече 33-годишната пејачка, која со нејзиниот поранешен сопруг го дели деветгодишниот син Анџело. „Уште од мали нозе си ветив дека кога ќе имам деца, ќе останеме заедно. Ние би биле тоа обединето семејство“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Пејачката, која наскоро ќе го објави четвртиот студиски албум, го откри и моментот кога сфатила дека се приближува крајот на нејзиниот брак.

„Одговаравме на прашања за едно списание. Едно од прашањата беше нешто како „Што е нешто што никој не го знае за тебе?“. И јас само реков пред тројца мои пријатели, „Навистина не сум среќна. Не живеам, само постојам“, откри таа.

ВИДЕО | Aдел со новата песна „Easy On Me“ покажа дека ранливоста е најголема сила

Адел се присети на текстот од нејзината песна „Love in the Dark“ од албумот „25“: „Сакам да живеам, а не само да преживувам“.

„Дефинитивно се чувствував така“, рече таа. „И кога им признав на моите пријатели, кои мислеа дека сум навистина среќна, дека всушност не сум среќна, сите беа вознемирени“, откри пејачката, која како што вели, тогаш почнала да се прашува зошто го прави тоа.

Адел откри дека со својот поранешен сопруг живеат преку улица еден од друг во Лос Анџелес и дека се во пријателски односи.

„Стабилноста што ми ја дадоа тој и Анџело, никој друг никогаш не би можел да ми ја даде, особено во тој период од мојот живот“, рече таа. „Можев лесно да „скршнам“ по некои непријатни патеки, да бидам деструктивна поради работите што ми се случуваа. Тој влезе во мојот живот и беше стабилен, најстабилната личност што сум ја имала во животот до тој момент“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Винфри ја праша што мисли Конецки за нејзиниот нов албум, во кој пее за нејзиното скршено срце и чувство на вина од разводот. Адел одговори: „Тој знае каков уметник сум, дека морам да копам длабоко во себе и да ги раскажам моите приказни. Новиот албум произлезе од долг период на интроспекција и посветеност на седење со непријатни чувства“, рече пејачката.

„Навистина се игнорирав себеси долго време, што беше многу погрешно“

 

Пејачката, исто така, се осврна на фасцинацијата на јавноста со промената на нејзиното тело од последната јавна турнеја која ја имаше во 2017 година. Адел потврди дека изгубила околу 45 килограми во период од две години додека се распаѓал нејзиниот брак и се справувала со „најстрашните напади на анксиозност“.

„Забележав колку му верувам на присуството на мојот тренер кога се чувствував толку изгубено, но исто така немав анксиозност кога бев во теретана“, рече таа. „Тоа стана време за мене, имав план за секој ден кога немав обврски“.

Адел не била шокирана од бројните коментари за изгледот затоа што како што вели, нејзиното тело е објективизирано во текот на целата нејзина кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Кон крајот на ексклузивното интервју, кое вклучуваше и концерт во живо во Лос Анџелес на кој присуствуваа познати личности како Дрејк, Селена Гомез, Лизо, Мелиса Мекарти и Сет Роген, Адел разговараше за односот со нејзиниот татко Марк Еванс пред да почине од рак во мај 2021 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oprah (@oprah)

Алкохолизмот на нејзиниот татко и „недостатокот на присуство“ во нејзиното детство оставиле „празнина“ во животот на пејачката. Таа ѝ кажа на Винфри дека „дупката“ била пополнета пред да почине нејзиниот татко, додека работела на новиот албум. „Го најдовме нашиот мир“, вели Адел.

Слични објави

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо
Се вчитува....