01:21 - 10 ноември, 2026

Виена повторно е најдобар град за живеење, освои максимални бодови во сите категории

Истражувачката компанија The Economist Intelligence Unit (EIU) годишно објавува извештај во кој ги рангира најдобрите и најлошите градови за живеење во изминатата година.

Во ова истражување, градовите биле разгледани и оценети во пет категории: безбедност, култура, здравство, образование и инфраструктура. По трет пат во изминатите пет години, Виена го зазеде првото место во најдобрите градови за живеење. Доби максимални бодови за безбедност, здравство, образование и инфраструктура. Следуваат Копенхаген и Цирих, кој го дели местото со Калгари.

На петтото место е уште еден канадски град Ванкувер, а во првите десет влегоа и Женева, Франкфурт, Торонто, Амстердам, Осака и Мелбурн. Во извештајот се наведува дека средните градови во богатите земји генерално поминале исклучително добро во истражувањето.

Заедно со најдобрите градови за живеење анализирале и кои се најлошите. Најмалку поени во нивната анализа имал Дамаск во Сирија, потоа Лагос во Нигерија и Триполи во Либија. Извештајот ги припишува нивните резултати на социјалните немири, тероризмот и конфликтите во секоја од земјите.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....