Српската актерка Нина Сеничар (40) има две деца со холивудскиот актер Џеј Елис, синот Ноа и ќерката Нора, која денеска го слави роденденот.
По овој повод, актерката се огласи на социјалните мрежи, каде што сподели емотивна објава.
Нивната ќерка Нора денеска полни седум години, а актерката ги сподели нивните заеднички фотографии и покажа колку девојчето пораснало.
– Среќен роденден љубов, те сака мама – напиша Нина Сеничар со објавата, а во коментарите престигнуваат бројни честитки.
View this post on Instagram
Вилата во која живее познатата актерка и водителка Нина Сеничар со своето семејство во Лос Анџелес е проценета на 4,5 милиони долари.
Станува збор за објект изграден во 1919 година. По деталната обнова, вилата денес зрачи со елеганција и стил на европски хотел со пет ѕвездички.
Луксузниот дом се простира на два ката и вклучува три спални соби и три бањи.
Сите спални соби се наоѓаат на горниот кат, додека на главното ниво се наоѓаат дневната соба, трпезаријата и собата за билијард.
Посебно внимание привлекува луксузната кујна во која доминира мермер, опремена со кујнски остров за јадење и висококвалитетни апарати од не’рѓосувачки челик.
Во дворот на куќата имаат базен, а го опкружува зеленило и приватност. Целата глетка изгледа како од најубавиот холивудски филм.
View this post on Instagram
Нина е во брак со Џеј Елис, познат холивудски актер и ѕвезда на филмот „Топ Ган: Маверик“.
