22:17 - 9 ноември, 2026

Што му одговори актерот Рајан Рејнолдс на неговиот колега Џекмен за номинацијата за Оскар?

Актерот Хју Џекмен на своjот интернет-простор објави видео во коешто „ја моли“ американската Академија за филмски науки и уметност да не го номинира неговиот колега Рајан Рејнолдс за „Оскар“ оваа година.

Рејнолдс го сподели видеото на Џекмен на својот Инстаграм, со хумористичен коментар:

„Знам дека сѐ уште е рано, но убаво попладне и за вас, г-н Џекмен“, напиша глумецот кој е предмет на шегата.

Имено, Рејнолдс е во потесниот круг за номинација за најдобра песна, за „Good Afternoon“ од божиќниот филм „Spirited“, во којшто глуми со Вил Ферел.

„Го сакав ’Spirited‘ како филм, го гледав со целото семејство и навистина уживавме. Го сакам Ферел, ја сакам Октавија Спенсер и ја сакам песната ’Good Afternoon‘. Се смеев во текот на целиот филм и тој е брилијантен“, вели Џекмен.

Потоа почнува со малку поинаков тон:

„Сепак, Ве молам од сѐ срце, Ве молам не го земајте предвид Рајан Рејнолдс во номинациите за ‘Оскар’. Ако Рејнолдс е номиниран во категоријата за најдобра песна, мојот живот би бил неподнослив следната година. Гледате, морам да ги снимам ’Вулверин‘ и ’Дедпул‘ со Рејнолдс оваа година. Ако ја добие таа номинација, ќе биде невозможно да снимаме со него и тоа ќе биде голем проблем“, додаде Џекмен.

Се разбира, сè ова е шега. Рејнолдс и Џекмен со години јавно се задеваат и „тролаат“, на задоволство на нивните обожаватели ширум светот, а последното видео на Хју само може да му помогне на Рајан во добивањето номинација, не обратно.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....