10:48 - 9 ноември, 2026

(Видео) Скандалозен настап на Десингерица – им ја бричеше косата на обожавателите во Хрватска

Српскиот трап-артист Драгомир Депсиќ, попознат како Десингерица, повторно е во центарот на вниманието. Имено, траперот настапи во клубот „Ла Плаја“ во Водице и направи уште еден шокантен настап, пишува Слободна Далмација.

Исто како и минатата година во Нашице, Десингерица зеде машинка за бричење среде концертот во Водице и почна да ја бричи главата на еден млад човек во публиката. По првиот дечко, уште неколку луѓе во првиот ред беа избричени.

Снимката беше објавена на социјалните мрежи и брзо доби бројни коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DESINGERICA (@dragomirdespic_design)

Патот на Депсиќ до музичката кариера беше сè друго освен типичен. Роден во 1993 година во Белград, пораснал во Нови Београд и како млад човек покажал талент за спорт. Тренирал кошарка во јуниорските категории на познати клубови како што се Партизан и Црвена Ѕвезда.

По спортската кариера, се посветил на тетовирање и отворил свое студио, но вистинската пресвртница дошла во 2022 година. Во соработка со Лука Бијеловиќ, попознат како Пљугица, тој влезе на музичката сцена. Нивниот прв сингл „Kucci Kucci“ веќе навестуваше за насоката што ќе ја земат, и тие се соочија со контроверзии уште од самиот почеток, запирајќи го сообраќајот на автопатот за да го снимат видеото, што веднаш привлече внимание од медиумите.

Патем, Десингерица беше и член на жирито за „Пинкови ѕвезди“, но тоа сега може да се промени.

Слични објави

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо
Се вчитува....