14:00 - 13 ноември, 2026

(Фото) Прво летување како брачен пар — Анета Љумаковска и Рубин уживаат во Парга

Фолк-пејачката Анета Љумаковска и нејзиниот сопруг Рубин Размоски деновиве уживаат на летување во Парга, Грција, од каде што со своите следбеници на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од заедничките моменти.

За Анета и Рубин ова е првото летување како брачен пар, откако во мај годинава ја официјализираа својата љубов и стапија во брак.

Фото: Инстаграм/Анета Љумаковска

Нивните објави откриваат дека деновите ги исполнуваат со прошетки низ живописните улички на Парга, уживање на плажа со чаша узо, романтични вечери и возење со кабриолет.

Парот не крие дека максимално го користи одморот за да се посвети еден на друг и да се оддалечи од секојдневните професионални обврски.

Фото: Скриншот/Инстаграм
Фото: Скриншот/Инстаграм
Фото: Скриншот/Инстаграм

Освен што се животни сопатници, Анета и Рубин со години успешно соработуваат и на музички план. Размоски е саксофонист во бендот на пејачката, а со неа настапува уште од периодот кога Љумаковска беше дел од групата „Молика“.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....