19.8 C
Скопје
08:30 - 9 септември, 2026

(Видео) Синот на најбогатиот Азиец првпат „уловен“ во јавност: Сите се загрижени за неговото здравје

Анант Амбани (29), синот на најбогатиот човек во Азија, Мукеш Амбани (67), за прв пат е виден во јавноста по најраскошната венчавка на векот. Тој се појави во Париз, каде во моментов се одржуваат Олимписките игри, придружуван од неговата нова сопруга Радика Мерчант. Еден од најактуелните светски парови на улиците на француската престолнина го привлече вниманието на папараците и заинтересираните минувачи, а снимката набрзо заврши на социјалните мрежи.

Една снимка се појави на Тик Ток, а во неа можеме да ги видиме Анант и Радика како се држат за рака како излегуваат од продавница за луксузна роба и влегуваат во скап автомобил „ролс-ројс“. Сепак, повеќе од раскошниот начин на живот, луѓето во коментарите истакнаа уште една работа. Имено, на видеото, Амбани забележливо тешко оди, а во еден момент Мерчант му ја пушта раката за што поскоро да влезе во возилото, додека нејзиниот сопруг останува зад неа и со тежок чекор се доближи до теренецот и, со напор се смести во автомобилот. Во видеото подолу можете да ја погледнете ситуацијата.

@taoualitamar

Anant Ambani et son épouse Radhika fait des photo avec les fans à #paris

♬ son original – AMAR TAOUALIT

Многумина ја коментираа неговата лоша здравствена состојба:- „Тој има големи болки. Хематомите на нозете не изгледаат добро“, „Изгледа како да го боли“, „Да се ​​биде здрав и во добра форма е 100 пати подобро отколку да имаш пари, жалам за него“, „Очигледно се справува со здравствени проблеми, оставете го на мира“ – напишаа фановите за Анант, кој во текот на животот се бореше со бројни здравствени проблеми, а еден од најголемите е астмата. Тој во еден период тежел и 208 килограми, по што изгубил 108.

Слични објави

Дневен хороскоп за 9 септември: Очекувајте конкретни резултати за вашиот досегашен труд

apostolova

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.
Се вчитува....