21:35 - 9 ноември, 2026

(Видео) Секси бачата: Шакира покажа страстен танц со шпански колега по раскинувањето со Жерар Пике

Колумбиската пејачка Шакира сподели видео како танцува сво друштво на свој шпански колега. Ѕвездата го сподели видеото на нејзиниот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

45-годишната пејачка на фановите на нејзиниот Инстаграм профил им покажа мастер клас по бачата, латиноамерикански танц за време на кој партнерите се движат во ритам на минимално растојание еден од друг.

Во видеото, Шакира танцува на нејзината нова песна Монотониа, која ја напиша по раскинувањето со поранешниот љубовник Жерар Пике. Партнерот од видеото е шпански пејач и кореограф кој предава бачата.

„Бачатерос! Предизвикот е да се оди подалеку и да се биде на време. Ако не, прашајте го мојот колега“, напиша Шакира со објавата.

Шакира во јуни оваа година го остави таткото на своите деца, капитенот на шпанскиот фудбалски клуб Барселона, Жерар Пике поради неговите неверства. Три месеци подоцна, пејачката позираше за насловната страница на Elle USA и даде искрено интервју во кое призна дека ѝ е тешко после раскинувањето на врската.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....