20.3 C
Скопје
22:58 - 19 јуни, 2026

„Сакаме пиво!“: Потрага по пиво како лов на богатство за навивачите на Мундијалот во Катар

Сè потешко им е на навивачите кои го следат Светското првенство во Катар да дојдат до својот омилен алкохолен пијалок. Во луксузните хотели чаша пиво чини над 12 евра.

„Сакаме пиво“, неодамна пееја еквадорските навивачи, а сега веќе на оваа песна им се придружени голем број фанови на фусбалот, дојдени од сите страни на светот за Светското првенство во Катар. Еуфоријата е речиси природна: многу малку алкохол циркулира во Доха. Забрани има многу, а цените на алкохолот се многу високи.

Алкохолот станува за навивачите своевиден лов на богатство. Има многу малку ресторани кои служат алкохол: на прво место, затоа што сите или речиси сите имаат отворени простори, а пиењето надвор е забрането. Второ, затоа што тоа би значело затворање на вратите за посети на семејства, што сопстениците на локалите не ја гледаат како добра идеја зашто сакаат да привлечат што повеќе клиенти. На стадионите нема трага ни од капка алкохол: има големи знаци кои го рекламираат спонзорот на ФИФА – пивото, па за момент ќе скокнете и ќе истрчате да си купите, а потоа ќе сфатите дека станува збор за Zero верзија (безалкохолно пиво).

Алкохолот може да се конзумира во баровите на хотелите со пет ѕвезди: таму се е дозволено. Клиентелата е избрана, со оглед на тоа што пред да влезете го скенираат вашиот пасош, како на аеродром. А потоа ексклузивното место – можеби прекрасна тераса со поглед на заливот и музика толку гласна што не можете да си го слушнете сопствениот глас – и пред се, околу вас е богатата клиентела што плаќа. Кога ќе најдете вакво место „убаво“ си плаќате за него. Скапо. Едно пиво може да чини и 50 катарски ријали, односно над 12 евра. Накратко, не е за сите буџети.

Уште потешко е да се донесе шише алкохол дома. Речиси е невозможно: зашто ниеден супермаркет не продава алкохол. Алкохолни производи може да се купат во малопродажба само во две продавници (едната отворена во Вест Беј, во најбогатиот кварт на градот). Сепак, потребна ви е лиценца за да влезете. Да, лиценца. Лиценцата се издава само доколку вашето барање е придружено со писмо од компанијата во која работите. Ќе речете: каква врска има сега компанијата? Едноставно: компанијата мора да знае дека сакате да направите ваков тип на купување. Не само тоа: мора да ја гарантира вашата плата. Да, затоа што дури и оние што ќе добијат лиценца не можат да купат колку што сакаат алкохол, туку можат да потрошат на него само процент од својата плата. Мал процент, се разбира.

Тогаш што прават навивачите кои немаат пари за фрлање на терасите на луксузните хотели? Едноставно: тие се собираат во навивачкото село, единственото место каде Бадвајзер, спонзор на ФИФА, слободно циркулира. Или подобро кажано, треба да функционира. Зашто постојано нешто се менува: секој ден отворањето на баровите, првично закажано за 19 часот во Доха, се одложува. Ова предизвикува огромни редици луѓе кои се обидуваат да го добијат своето пиво. Како да е скапоцено богатство.

 

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо

(Фото) Вистинската елеганција никогаш не поминува незабележано – совршениот фустан ве чека во бутикот „Прагма“

Еспресо
Се вчитува....