21:16 - 9 ноември, 2026

(Видео) На момчето кое беше спасено од урнатините во Сирија му се исполни желбата: Го запозна Кристијано Роналдо

На социјалните мрежи во средината на февруари се појави видео во кое момчето Набил Саед зборува дека сака да оди на натпревар и да го гледа Роналдо.

Победата на Ал Наср во мечот против Ал Батин имаше еден посебен навивач на трибините. Пресвртот на тимот на Кристијано Роналдо од 0:1 до 3:1 голови во судиското продолжение го следеше во живо седумгодишното момче Набил Саед, кое беше извлечено од урнатините на разорниот земјотрес што го погоди југот на Турција и Сирија на почетокот на февруари и во кои животот го загубија над 50.000 луѓе.

Одењето во Саудиска Арабија и гледањето натпревар на кој настапува Кристијано Роналдо беа негови големи желби кои ги сподели со спасувачките екипи од Сирија. На социјалните мрежи кон средината на февруари се појави видео во кое тој зборува за желбата да го запознае Роналдо, а на тоа брзо реагираше Турки Алалших, првиот човек задолжен за организирање големи настани во таа земја.

– Сине, ти и мајка ти сте добредојдени. Кој може да ми помогне да дојдам до него? – праша на Твитер, а во петокот објави ново видео од пристигнувањето на Саед во Саудиска Арабија.

Наскоро претседателот на Ал Наср, Мусали ал-Моамар се јави со порака:

– Тој и неговото семејство се добредојдени на следниот натпревар.

Пред натпреварот, лично го запознал Роналдо.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....