9.8 C
Скопје
10:35 - 27 октомври, 2026

(ВИДЕО) МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ПРОНАШЛА ЗЛАТНА БИБЛИЈА: Приказната за нејзиното потекло е неверојатна

Се претпоставува дека било во сопственост на жена, бидејќи на него биле издлабени ликовите на Свети Леонард и Света Маргарита, заштитничката на породувањето.

Медицинската сестра Бафи Бејли од Ланкастер, со помош на детектор за метал, на обработливо земјиште во близина на Јорк пронашла минијатурна златна Библија, за која се верува дека некогаш била сопственост на средновековни аристократи или на кралското семејство.

Малата Библија е долга само 1,5 сантиметар и тешка пет грама. Изработена е од 22 или 24-каратно злато.

На него се издлабени ликовите на свети Леонард и Света Маргарита, заштитничката на породувањето и затоа се претпоставува дека биле во сопственост на жена која ја штителе за време на бременоста и породувањето.

Минијатурна Библија е пронајдена на копно недалеку од имотот што некогаш му припаѓал на Ричард III. Експертите мислат дека тоа можеби припаѓало на некој од неговите роднини или на неговата сопруга Ана Невил.

-Кој ја  нарачал изработката на ваква минијатурна златна Библија, секако бил многу богат. Засега нема ништо слично на светот. Претпоставувам дека вреди повеќе од 100.000 фунти – вели Бафи Бејли

Слични објави

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо
Се вчитува....