06:36 - 9 ноември, 2026

(Видео) Џорџина Родригез го покажа божиќно украсениот дом: Каков раскош!

Џорџина Родригез се подготвува за Божиќ додека нејзиниот партнер Кристијано Роналдо се подготвува за Светското првенство во Катар со Португалија.

28-годишната Родригез се огласи на Инстаграм за да објави видео на кое позира во зелен фустан што ја потенцира нејзината секси силуета и покажувајќи како е украсен нивниот дом за божиќните празници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Покажувајќи ги украсите и светилките се гледа и дел од нивната раскошна куќа.

Погледот задолжително паѓа и на скапоцениот лустер над елката.

Со видеото Џорџина напиша: „Украсувањата се завршени и ние сме подготвени за Божиќ со @twinkly. Опседнати сме со овие светилки и се забавувавме со правење на сопствени ефекти за да ни помогне да влеземе во празничниот дух“.

Украсувањето доаѓа во бурно време за самиот Роналдо, кој моментално тренира со репрезентацијата на Португалија пред нивниот прв натпревар на Светското првенство со Гана следната недела.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед неодамна предизвика контроверзии со жестоко интервју со Пирс Морган, каде што силно го критикуваше менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хег и клупската хиерархија.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....