20:09 - 27 ноември, 2026

(Видео) Џејсон Момоа ги послужувал патниците на летот за Хаваи, набргу откриено зошто

Само едно патување на Хаваи е остварување на сонот, а среќниците кои неодамна заминаа на одмор на рајските острови од Лос Анџелес со Хаваи Ерлајнс го доживеаја неверојатното искуство да летаат во друштво на славниот глумец Џејсон Момоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

Холивудски актер и еден од најпознатите Хавајци во таа прилика ја презеде улогата на стјуард. Екипажот во кабината му дал, на негово барање, количка со пијалаци за освежување, а Аквамен со цвет закачен зад увото се појавил пред изненадените патници, пишува Пипл.

Разговорот изгледал отприлика вака: „Здраво, јас сум Џејсон Момоа, дали сакате изворска вода од алуминиумско шише за повеќекратна употреба?“

Никој не го одбил. На оние на кои им требаше дополнително објаснување, актерот рече дека учествува во кампања за подигање на свеста за туристите кои патуваат на убава дестинација и единствен дом на бројни животински и растителни видови – добро да размислат дали им се потребни пластични шишиња со вода за еднократна употреба?

Тој, пак, им понуди еколошка замена и селфи. Секако, во авионот владееше веселба. Специјалната пригода актерот ја документираше на својот Инстаграм профил, а среќниците на кои им беше стјуард ги споделија своите видеа и фотографии на социјалните мрежи. Непотребно е да се каже дека станаа вирални.

 

Слични објави

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо
Се вчитува....