13.8 C
Скопје
07:58 - 15 септември, 2026

(Фото) Најубавиот хрватски залив кој крие „богатство“ на дното на морето

Без метеж,  бучава и густо наредени лежалки, Завратница е еден од хрватските заливи каде се уште може да се најде мир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Call me Emily (@kkroshka_bo)

Од Јабланц до заливот Завратница потребно е помалку од половина час покрај каменото шеталиште покрај морето, а до прекрасниот залив се стигнува и со пешачка патека од истоименото село. Скриен е во подножјето на гребенот Велебит – спроти Раб.

Патеките и видиковецот со незаборавен поглед се изградени пред околу сто години од локални жители кои знаеле добро да ракуваат со камен и ги знаеле тајните на изградбата на ѕидови. Тогаш аристократијата од Прага и Виена дошла да му се восхитува на ова ремек дело на природата. Најпочитуваниот писател на хрватскиот реализам, Вјенчеслав Новак, црпел инспирација од ова прекрасно парче земја во Хрватска, пишува „пункуфер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Timotej 🇭🇷 (@timotej)

Еден од најубавите заливи во Хрватска, заливот кој е подеднакво фасцинантен и од висина и од плитко, припаѓа на паркот Велебит, а наликува на минијатура на норвешките фјордови.

Завратница навистина ве остава без зборови, а оние посетители кои ќе решат да ги споделат своите искуства го фалат кристално чистото море, нарекувајќи го „рај на земјата“ каде сè, од мириси до звуци, е едноставно совршено.

Завратница привлекува и нуркачи, кои доаѓаат да пловат и нуркаат околу потонатиот брод што „спие“ под водите на околу 800 метри од плажата, на длабочина од неколку метри. Кога видливоста е добра, а морето е кристално чисто, потонатиот воен брод од Втората светска војна може да се види од копно.

Влезот во Завратница е 30 куни по лице (240 денари), а за деца е бесплатно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josip (@_ssvarog)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Timotej 🇭🇷 (@timotej)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar H (@pijerino)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simon de Jong (@madeby.simon)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dario Hak (@triadeartis)

Слични објави

(Фото) Крзнен шал наместо здолниште и обична бела маица – Сенида во необично издание на настап

Еспресо

Саша Ковачевиќ имал операција, а само три дена подоцна застана на сцената

Еспресо

(Фото) Изненадување од саканиот – романтичен роденден на Цеце Николова

Еспресо

Жешки сцени од спалната соба — Теодора Џехверовиќ направи хаос на социалните мрежи

Е.А.

(Фото) „Мојот херој“: Емотивна приказна за помалиот син на Панчо, Марјан

Еспресо

Љубов за која сите зборуваа — Анѓелка го остави мажот, па се омажи за неговиот близок пријател

Е.А.
Се вчитува....