16:45 - 1 ноември, 2026

(ВИДЕО) ДЕДО МРАЗ СЕ БАКНУВА СО МАЖ: Љубовната приказна во оваа божиќна реклама ќе ве воодушеви

Божиќната реклама на норвешката поштенска служба „Постен“ многумина веќе ја нарекуваат  реклама на годината, а предизвика бројни реакции на социјалните мрежи со тематиката, содржината и симболиката.

Рекламата е направена по повод 50 години декриминализација на хомосексуалноста во Норвешка.

Рекламата го прикажува раѓањето на љубовта помеѓу маж по име Хари и Дедо Мраз. Насловот на рекламата е „Кога Хари го запозна Дедо Мраз“, на англиски „When Harry Met Santa“ со што се прави алузија на популарниот филм „Кога Хари ја запозна Сали“. Приказната ја следи првата средба, кога еден човек случајно го „фаќа“ Дедо Мраз како му остава подароци, а потоа секоја година нетрпеливо чека повторно да го види.

Двојката секоја година се зближува за време на кратки божиќни состаноци и се разделува до следната. Во еден момент разделбата станува многу сурова и Хари плачејќи по заминувањето на Дедо Мраз пишува: „Ќе ми недостигаш“. Следната година, тој му пишува писмо на Дедо Мраз со порака: „Сè што сакам за Божиќ си ти“ или на англиски „All I Want for Christmas is You“, во нова алузија на божиќниот хит на Мараја Кери.

Следната сцена го прикажува Хари како го чека Дедо Мраз покрај каминот кога одеднаш слуша ѕвонче. Подароците му ги доставува поштенската служба „Постен“. Кога се враќа во дневната соба, го затекнува Дедо Мраз како му вели „Па, договорив помош оваа година…за да бидам со тебе“, по што ги спојуваат усните во бакнеж.

„Во 2022 Норвешка слави 50 години како можеме да сакаме кого што сакаме“, е напишано во пораката на крајот од рекламата.

Рекламата е прегледана стотици илјади пати на „YouTube“, а многумина ја споделуваат на социјалните мрежи, проследена со воздишки и многу позитивни коментари.

 

Слични објави

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.

Почина Мишо Ковач — никогаш не ја преболе смртта на синот Еди, кој имаше само 16 години

К.С.
Се вчитува....