7.8 C
Скопје
01:35 - 29 март, 2024

СУДБИНА, КАРМА И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЖЕЛБИ: Откријте каде е Вертексот во вашата натална карта

астро

Некои астролози го нарекуваат Вертексот „порта на судбината“ што ни овозможува пристап до други димензии на реалноста!

Вертексот е контроверзна тема меѓу астролозите кои генерално го сметаат за точка на кармичка или судбинска врска. Некои астролози не го толкуваат Вортексот, додека други се колнат во неговата предвидувачка способност.

Значењето на вашиот Вертекс зависи од куќата, знакот и степенот каде се наоѓа во вашата натална карта. Ова не е планета, астероид или кое било друго небесно тело; тоа е апстрактна точка во вашата астролошка карта која ги пресекува еклиптиката и главните вертикални точки на вашата натална карта.

Ова е неверојатно важно за врските, бидејќи понекогаш чувствуваме дека сме запознале некого кога знаеме дека ќе ни биде важен во животот (без разлика дали е пријател, партнер, брачен другар). Судбина, средби, карма и исполнување на желбите се зборови кои се силно поврзани со Вертексот.

ПРЕТПРАЗНИЧНАТА СЕЗОНА И ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ: Чија љубов ќе цвета? Кој е подготвен за брак?

Некои астролози го нарекуваат Вертексот „порта на судбината“

Кога вашиот Вертекс е на истата планета или дом како некој друг, тоа значи привлечност. Ова не е нужно условено од романтична врска, иако може да биде; тоа едноставно значи дека ќе имате добра хемија и ќе ве привлекува меѓусебната енергија. Некои ги сметаат овие луѓе за сродни души, тоа може да биде секој кој треба да биде во вашиот живот во одредено време поради одредена причина.

Како да го пронајдете вашиот Вертекс?

За да го пронајдете Вертексот ќе треба да го знаете датумот, точното време на раѓање и градот на раѓање на личноста. Каде во вашата натална карта се пресметува Вертекс видете овде.

ЈУПИТЕР ВО СЕКСТИЛ НА ПЛУТОН: Овие хороскопски знаци ќе си ја создадат среќата!

Вертекс во Овен

Вертексот во Овен зборува за лидерство и преземање контрола. Надминете ги вашите стравови и преземете решителна акција. Ова е клучно, бидејќи будењето на храброста ќе ви покаже нови вештини кои не сте знаеле дека ги поседувате. Ќе станете посигурни и свесни за тоа кои сте со заземање адекватен став.

Вертекс во Бик

Преземањето одговорност за себе и за вашата работа е од витално значење кога имате Вертекс во Бик. Ако станете понезависни и помалку се потпирате на другите, ќе ја зголемите вашата самодоверба. Изградете ја вашата самодоверба додека полека се ослободувате од зависноста од другите.

ЗА ШТО СИ ЗАВИДУВААТ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ ЕДЕН НА ДРУГ: Ракот е добар слушател, Вагата секогаш наоѓа рамнотежа…

Вертекс во Близнаци

Вашата способност за комуникација е она на што треба повеќе да работите. Користењето логика и факти за создавање аргументи и презентирање идеи и начини за нивно изразување ќе ви помогне да стекнете самодоверба. Вие сте природно талентирани за дипломатски преговори.

Вертекс во Рак

Ако вашиот Вертекс е во хороскопскиот знак Рак, постојано треба да се справувате со туѓите емоции и да ги негувате оние околу вас. Можеби ќе бидете во искушение да ги потиснете сопствените емоции за да имате корист за другите, но важно е да останете отворени и да покажете што е во вашето срце.

НАЈГОЛЕМИТЕ ОПТИМИСТИ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ: Само три знаци, нивната позитивна енергија е заразна па затоа се омилени во друштвото

Вертекс во Лав

Треба да научите да се истакнувате како индивидуа и да не се губите во група. На овој начин не само што ќе станете посвесни за сопствената индивидуалност и креативност, туку и ќе ги инспирирате другите и ќе им помогнете полесно да го реализираат она што го замислиле.

Вертекс во Девица

Ќе ви треба практично и критичко размислување за да пронајдете недостатоци и да воведете ред во хаотични ситуации. Да им служите на оние околу вас и да бидете корисни е одлично за луѓето со Вертекс во Девица, бидејќи најдобро се чувствувате кога знаете дека вашето постоење има цел.

Слични објави

Големо изненадување: Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат драстични промени во април

еспресо

Астропрогноза за четврток, 28 март: За Овните нови можности, за Биковите напредок

еспресо

Ќе „загубат глава“: Три хороскопски знаци лудо ќе се вљубат во април

еспресо

Астропрогноза за среда, 27 март: Скорпиите да не избувнуваат, Овните да внимаваат на важна одлука

еспресо

Ги очекуваат многу пари: На два хороскопски знаци вртоглаво ќе им тргне на финансиски план

еспресо

Драстични промени: За три хороскопски знаци доаѓа нова фаза од животот, сосема нова приказна!

еспресо
Се вчитува....