14:44 - 2 април, 2026

(ВИДЕО) АНТОНИА ГИГОВСКА И „2 БОНА“ РУШАТ РЕКОРДИ: Слушнете ја песната „Хиена“

антониа гиговска 2 бона

Новата песна на младата ѕвезда Антониа Гиговска и момците од „2Бона“, Тони и Кун руши рекорди на слушаност во нашата земјa. Нивната “Хиена” за само неколку дена на Јутјуб има повеќе од 330.000 прегледи.

Нивната соработка се покажа како полн погодок, а коментарите за истата на социјалните мрежи не стивнуваат. Особено изненадува фактот што под објавата пишуваат и обожаватели од скоро сите соседни земји, па дури и од Русија.

антониа гиговска 2 бона
Фото: Промо

„Здраво од Русија. Продолжете да творите, браќа Балканци“, „Многу добра спојка сте тројцата, предобар спот, предобра песна“, „Антониа е симбиоза од светски потенцијал. Со ваков потенцијал не е фер светот да не те слушне“, „Пола песна не ја разбирам, но ова е совршено. Каква енергија во песна, каков вајб – поздрав од Хрватска“, се само дел многуте коментари.

антониа гиговска
Фото: Промо

Ниту Антониа, ниту Тони и Кун не го кријат нивното задоволство за соработката, а велат и дека не се изненадени од бројките и позитивните реакции.

„Ме радуваат реакциите на публиката, секојдневно добивам пораки дека им се допаѓа, а истото се случува и кај Кун и Тони. Задоволни сме од целиот проект, Лазар си го направи своето, да бидам искрена јас очекував да биде прифатен целиот пакет“, накусо изјави Гиговска.

антониа гиговска 2 бона
Фото: Промо

Инаку автор на музиката и аранжманот е познатиот продуцент Лазар Цветковски, додека текстот го потпишуваат момците од „2 Бона“ и познатиот рапер Тајзи. Како режисер на видеоспотот се потпишува младиот Томислав Живковиќ.

Погледнете и слушнете:

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо
Се вчитува....