20.8 C
Скопје
13:37 - 22 октомври, 2026

НОВО СРЕЌНО МЕСТО ВО ГРАДОТ: BOCCA DI LUPO – софистицирана приказна со вкусна храна, пријатна музика и уникатен изглед

 На површина од 7.000 метри квадратни, ресторан, хотел со 35 соби и базен со pool bar, е старо-новоиот Hotel Mirror и софистицираниот fine, wine and dine Bocca Di Lupo каде љубителите на убава храна, одлична атмосфера и место за релаксација ќе можат да уживаат.

– Самото име BOCCA DI LUPO, значи „среќно-со среќа”, нашиот light мотив има за цел таа позитивна вибрација која го носи самото име да се пренесе и на нашите ценети гости, рече на синоќешното официјално отворање на ресторанот Дејан Петрушевски, кој е менаџер и на хотелот ” Мирор” во рамки на целиот комплекс.

Ресторанот нуди уникатно и незаборавно доживување, секое катче има уникатен дизајн, секој елемент од ресторанот е внимателно избран од највисоките светски брендови, почнувајќи од приборот за јадење, кристални чаши, чиниите и се останато.

Исто така во рамки на комплексот има ексклузивно детско катче и играчки за најмладите гости, перална и рент а кар, се со цел ги задоволи сите потреби  за целосно задоволство, спокој и уживање на една фамилија, патник, гостин.

– Нашиот шеф на кујна, Љупчо Корковски е врвен кулинар-експерт, кој своето долгогодишно искуство го стекнал во повеќе ексклузивни ресторани во главниот град на Обединетите арапски емирати, а храната  е врвен спој на внимателно избрани специјалитети, микс од повеќе кујни: италијанска, медитеранска и ориентална кујна, а се со цел да ги задоволиме вкусовите на сите наши ценети гости, дури и на најпребирливите, вели Петрушевски.

Внатрешниот дизајн  на  ресторанот е осмислен и создаден од архитектката Катерина Кајевска Теодорова, додека надворешниот дизајн на комплексот е на архитектот Крсте Петров.

Главната идеја дошла од самото име Mirror, бидејки ресторанот е во склоп на хотелот.

– Користевме огледало и стакло како и сјајни текстури и истите ги комбиниравме со текстури на дрво,  со цел да го оплемениме просторот. Со формите игравме многу, всушност тие беа лајт мотив на оваа приказна. Просторот е изваден од временски и стилски контекст, што го прави необичен и многу слободен и неограничен. Ова е место во кое буквално секое ќоше може да го предизвика вашиот фотоапарат, вели Теодорова.

Капацитетот внатре е предвиден за 130 гости, а на летната тераса 170 гости, додека целиот ресторанот се наоѓа на површина од 1.000 метри квадратни.

– Bocca Di Lupo ќе нуди разновидна музичка програма со ексклузивни пејачи и групи и останати спектакуларни настани. За прекрасното и незаборавно новогодишно доживување, ќе се погрижи нашата драга Викторија Лоба со нејзиниот бенд и диџеј @foodieman, а за вкусните гастрономски специјалитети е задолжен нашиот шеф Љупчо Коркоски. Новогодишното мени е  врвен микс од најпрефинетите светски деликатесни јадења, специјално избрани за нашите ценети гости, додава Петрушевски.

Фото – приватна архива

Слични објави

„Среќен роденден на небото, мамо“: Маја Вукичевиќ со емотивна посвета за починатата мајка

Еспресо

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.

Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ од Бали: „Ова патување ми покажа дека сè за што трчам веќе ме чека дома“

Е.А.

(Фото) Хрватската актерка Миа Беговиќ се огласи по свадбата на нејзината внука Лана: „Ве прегрнувам со гордост, во име на Ена и мое“

Еспресо

(Фото) Откако тајно се венчаа по 12 години љубов, Реља откри дали Николија го земала неговото презиме

К.С.

(Фото) Ирена Спировска во златен фустан на свадбена прослава — водителката позираше покрај саканиот Душко

К.С.
Се вчитува....