12:08 - 29 ноември, 2026

(Фото) Весна Бејби го искара познатиот диџеј поради објавата за Панчо

Фото/ Принтскрин јутјуб

Весна Петрушевска на својот инстаграм-профил го искара познатиот диџеј поради објавата за Панчо од „ДНК“.

Диџејот, кој е еден од најпопуларните кај нас, раскажа за несогласувањата што ги имал со Панчо и рече дека му е многу жал што починал.

Станува збор за диџеј Мац кој на својот инстаграм-профил напиша: „Имавме несогласувања, но за ова, ептен ми е жал“.

Фото/ Инстаграм

Оваа негова објава ја прекори актерката Весна Петрушевска која на својот инстаграм-профил напиша: „Кога изразуваш сочувство не пишуваш вакви глупости. Инаку, ми го пратија сторито, Боже Господе, смилуј се“, напиша Весна.

Пред три години, Панчо и диџеј Мац имаа несогласувања кои ги објавија на социјалните мрежи поради различни мислења.

Фото/ Инстаграм

„Отиде и Панчо… го обвинивме, а беше невин. Само си ја сакаше својата работа. Трчаше, како и сите ние, за парче леб. Работеше многу, многу… сам ги договараше свирките, сам пишуваше, одеше по студија. Имаше сетови, беше диџеј, беше многу вреден. Многу сакаше да чита книги“, напиша Весна Петрушевска во своето збогување од Панчо.

 

 

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....