16.8 C
Скопје
13:53 - 18 октомври, 2026

Успешно ја криеше врската со месеци: Новиот избраник на Деми Мур е швајцарски готвач близок со Меган Маркл

Актерката Деми Мур по разводот со третиот сопруг Ештон Качер не откриваше многу за својот љубовен живот, а беше поврзувана со многумина. Американските медиуми сега тврдат дека е во врска со успешен Швајцарец кој се дружел со Меган Маркл и Лорен Пауел Џобс.

Магазинот Пејџ Сикс открива ексклузивна приказна за новата љубов на 59-годишната актерка Деми Мур. Убавата бринета наводно е во врска со успешниот швајцарски готвач Даниел Хум, сопственик на синџир ресторани ширум светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Humm (@danielhumm)

Парот беше фотографиран на почетокот на март во првите редови на ревијата на модната куќа Клои за време на модната недела во Париз. Тие биле снимени заедно и додека го напуштале истиот хотел во кој престојувале.

„Тие се многу вљубени и тоа им е вистински предизвик во моментов. Даниел работи многу напорно, држи долги смени во неговиот ресторан Eleven Madison Park, но сепак наоѓа време за Деми. Таа често му се придружува на романтични вечери во ресторанот“ откриваат извори блиски до парот.

Инаку, познатиот готвач е сопственик на елитните ресторани NoMad ширум светот, како и на Davies and Brook во Лондон. Пред три години го поврзуваа со вдовицата на Стив Џобс, но не е јасно кога точно тој и Лорин Пауел Џобс ја завршија романсата.

Успешниот Швајцарец често беше забележуван во друштво на Меган Маркл пред таа да се омажи за принцот Хари, а сега задоволство најде во прегратките на 13 години постарата холивудска актерка.

Ова не е прв пат Мур да се вљуби во помлад маж. Пред Хум таа осум години беше во брак со 15 години помладиот Ештон Качер. Претходно долго време беше во брак со актерот Брус Вилис, со кого има три ќерки, и се уште се во одлични односи.

Пред да го запознае Вилис и да основа семејство со него, Деми пет години беше во брак со музичарот Фреди Мур.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Humm (@danielhumm)

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....