17.8 C
Скопје
14:50 - 18 октомври, 2026

Трогателен ТАЕН ДОГОВОР меѓу кралицата Елизабета и принцот Филип: „Оној од нас што ќе остане сам….“

кралица елизабета, принц филип

Кралицата Елизабета и војводата од Единбур, принцот Филип, неколку месеци пред неговата смрт си ветиле нешто многу важно. 

Се наближува 9 април, првата годишнина од смртта на принцот Филип. И кој знае дали во таа прилика кралицата Елизабета ќе се сети на ветувањето што му го дала на својот сакан сопруг непосредно пред да почине. Таен договор меѓу двајцата, откриен од репортерот на Дејли Меил, Ричард Кеј, кој бил голем пријател на принцезата Дијана: „оној кој од двајцата ќе остане сам, да жали само кратко по оној што заминал, а потоа сосема да ужива во останатите денови од својот живот“. Договор што кралицата изгледа е решена да го почитува, барем според она што го видовме во изминатите дванаесет месеци.

Во Вестминстерската опатија минатиот вторник, на мисата во спомен на војводата од Единбург, Елизабета беше на работ на солзи. За време на церемонијата за сеќавање на нејзиниот сакан сопруг една година по неговата смрт, британската кралица се појави со зацрвенети очи. Но, дури и во таква емотивна ситуација, таа ги задржа солзите, потврдувајќи ја својата цврстина. Истата што ѝ овозможи да се соочи со оваа последна година полна со проблеми без да може да смета на поддршката на Филип.

Навистина, и покрај Ковидот што ја погоди, секс скандалот со кој се соочи нејзиниот омилен син Ендрју и никогаш незалечената рана за Хари и Меган Маркл, нејзиното височество во последните дванаесет месеци често во јавноста се појави насмеана, добро расположена, сè уште расположена за живот.

Кралицата со својот став покажува дека сака да ја задржи вербата во договорот со Филип, „таен договор во случај едниот да умре пред другиот“.

Идејата потекнала од војводата од Единбург, кој неколку месеци пред неговата смрт дал ветување: „Оној од нас што ќе остане сам мое да плаче и тагува, но не предолго, за да може да ужива во животот што преостанува“. Токму поради оваа причина Елизабета не избра да се повлече засекогаш во осаменоста на замокот Виндзор и продолжува, колку што е можно, да учествува во јавни настани и да ги негува своите страсти.

„Двајцата често разговараа како едниот ќе реагира без да го има другиот покрај себе и заклучија дека солзите не треба да траат предолго, за да направат простор за животот“, заклучува изворот.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....