15.8 C
Скопје
05:58 - 9 септември, 2026

Уна Чолиќ спремна за мажење: Не се одвојува од 10 години постариот богаташ, а еве како Чола се сложува со својот зет

Ќерката на музичката ѕвезда Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, е во врска со богато момче кое е 10 години постаро од неа, и со кое патува на егзотични дестинации. Наследничката на Чола наводно е подготвена за брак и планираат наскоро да се свршат, пишува српски „Информер“.

– Уна Чолиќ и нејзиното момче уживаат во љубовта веќе неколку години, тие се неразделни и Здравко Чолиќ му даде благослов на својот зет и го прими во семејството со раширени раце. Тие сериозно размислуваат за следниот чекор, па така свршувачката е поблиску од кога било – изјавил извор за српските медиуми.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Una 🦋 Čolić (@unacolic)


Уна, нејзиното момче и помладата ќерка на пејачот Лара патувале заедно на концертот на Здравко Чолиќ во Австрија, па е јасно дека Чола се согласува многу добро со својот зет.

Здравко Чолиќ има две ќерки во бракот со сопругата Александра. Чола еднаш зборуваше за својата постара ќерка Уна која е многу популарна на мрежите.

– Таа само слика нешто. Јас ја казнувам, не ми се допаѓа тоа, но не можам да ѝ забранам. Таква е… Едноставна, комуницира со луѓе, сака да се фотографира. Тие се фотографираат со мене. Никогаш не сум бил таков, колку помалку толку подобро. Само кога морам, за работа. А таа само телефон. Не можам да ѝ забранам, што да ѝ правам. Тоа е сосема е поинаку отколку што беше порано. Порано, мораше да ангажираш фотограф да те фотографира или мораше да имаш добар фотоапарат дома, а потоа чекаш да ги изработиш фотографиите – рекол Чолиќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Una 🦋 Čolić (@unacolic)


Неодамна, Чолиќ открил дали би сакал да стане дедо.

– Па, јас би го одложувал тоа колку што можам, без оглед на возраста. Постарата ќерка е веќе стабилна, а помладата е сè уште млада. Сè е во Божји раце. Секогаш велам – убаво е децата малку да патуваат низ светот, да работат на себе, но судбината си е судбина, таа секогаш те сочекува – рекол Здравко Чолиќ.

 

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....