15:08 - 8 ноември, 2026

Том Круз ќе стане првиот актер кој ќе снима филм во вселената

Токму кога помисливме дека Том Круз го постигна својот најголем кинематографски триумф со успехот на продолжението на Топ Ган, блокбастер-ѕвездата доаѓа до идеја која буквално е надвор од овој свет.

60-годишниот холивудски ветеран, наводно, потпишал договор со режисерот на The Bourne Identity, Даг Лиман за снимање на филмски терен што опфаќа и снимање во вселената, а прв пат беше најавено во 2020 година, пред пандемијата да им ги прекине плановите.

Круз и Лиман стапиле во контакт со Universal Filmed Entertainment Group (UFEG) во врска со идејата актерот да се качи со ракета до Меѓународната вселенска станица.

„Мислам дека Том Круз нè носи во вселената, го носи светот во вселената“, рече претседателката на UFEG, Дона Ленгли, за BBC News.

„Тоа е планот. Имаме одличен проект во развој заедно со Том… Испраќање ракета до Вселенската станица и снимање“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Cruise (@tomcruise)

Ленгли откри дека поголемиот дел од филмот ќе се снима на земјата, а ќе кулминира со „ликот што оди во вселената за да го спаси светот“, и додаде дека Круз веројатно ќе стане „првиот цивил што ќе направи вселенска прошетка надвор од вселенската станица“.

Ако филмот започне да се снима, Круз ќе биде првата филмска ѕвезда што снимала во вселената на Меѓународната вселенска станица.

Иако овој потег е без преседан, не изненадува тоа што Круз го насочува својот делокруг кон вселената, ако се присетиме на неговата амбициозна каскадерска работа во речиси сите негови филмови.

На 60-тиот роденден на Круз во јули, режисерот на Невозможна мисија, Кристофер Меквари сподели ретка фотографија од американскиот актер како изведува навистина луд трик.

На сликата, Круз може да се види како виси од воздушен црвен двокрилец со многу мала помош.

Тој се најде на насловните страници кога беше повреден на снимањето на „Невозможна мисија 6“ во 2017 година, откако се појавија видео снимки на кои се случи грешка при изведувањето на неговиот опасен скок на покривот. Круз удри во зграда и висеше во воздух пред да се искачи на покривот каде што се сопна пред членовите на екипата.

Само неколку месеци подоцна, тој повторно се врати на снимањето во Лондон повторно снимајќи акробации.

Неодамна, на Канскиот филмски фестивал му беше поставено прашање зошто не сака да има каскадер,  а тој одговари: „Никој не го прашал Џин Кели: „Зошто танцуваш?“

Иако е еден од ретките во Холивуд што работи од раните 80-ти и нема направено некоја значителна пауза, Круз се врати на врвот на светските филмски топ-листи по огромниот успех на долгоочекуваното продолжение, Top Gun: Maverick, кој само неколку недели по премиерата во мај забележа заработка од 1,4 милијарди долари.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....