16.8 C
Скопје
23:11 - 30 април, 2024

Тифани Чен против асистентката на Роберт де Ниро: „Таа е опсесивна, психотична и опасна!“

Партнерката на Роберт де Ниро, Тифани Чен, вчера сведочеше во Федералниот суд во Њујорк, во случајот меѓу познатиот актер и неговиот поранешна помошничка Греам Чејс Робинсон, која ја тужеше холивудската легенда и неговата продукциска куќа за родова дискриминација, т.е. прекршување на Законот за човекови права. Де Ниро одговори со тужба за несоодветно трошење на парите на неговата фирма и прекумерно гледање телевизија за време на работното време.

Греам Чејс Робинсон го тужеше актерот пред четири години, барајќи отштета од 12 милиони долари, на што Роберт Де Ниро одговори со противтужба. Таа работеше во неговата компанија од 2008 до 2019 година.

Тифани Чен вчера за врме на судењето призна дека вршела притисок врз Роберт Де Ниро да ја отпушти Греам. Таа сведочеше неколку дена подоцна откако СМС пораките и мејловите разменети меѓу неа, актерот и неговата поранешна асистентка беа претставени на поротата.

„Ако таа продолжи да работи за тебе, јас и ти ќе имаме проблеми“, гласи пораката што Тифани му ја испратила на актерот. Робинсон се искачи на позицијата потпретседател во компанијата на Роберт Де Ниро, заработувајќи годишна плата од 300.000 американски долари, а се повлече во април 2019 година.

Непријателството на Тифани Чен кон Греам дојде до израз во судницата. Таа ја спореди со главниот лик од филмот „Single White Female“ (1992), пишува The Independent.

Чан ја опиша Робинсон како „опсесивна, психотична и опасна“.

Партнерката на Роберт де Ниро пред судот призна дека му праќала пораки на актерот во кои пишува дека нема да биде среќна додека тој не ја отпушти Греам. Се претпоставува дека врската на славната двојка со Робинсон се влошила во 2018 година, откако двајцата почнале да живеат заедни, односно по неговиот развод од Грејс Хајтауер.

Тифани рекла дека Грејс не ги почитувала нивните планови, па затоа му пратила порака на партнерот: „Нејзиното посесивно однесување во куќата прави да се чувствувам многу непријатно“.

Пораката понатаму вели: „Таа мисли дека го има тоа право врз основа на нејзината имагинарна интимност со тебе. Мисли дека е твоја сопруга и решила да биде домаќинка“.

„Доста со нејзините ср*ња“ – гласи уште една порака на Чен.

На прашањето дали Робинсон мисли дека е во врска со Де Ниро, одговорила „Мислам дека знае дека не е, но тоа е тоа што ја лути зашто се труди да биде. Таа дефинитивно мисли дека е задолжена за се“.

Чен истакна во судницата дека поранешната помошничка на Де Ниро е како доктор Џекил и мистер Хајд.

„Верувам дека целиот нејзин живот е фантазија. Ако нејзините фантазии сакаат да влијаат на мојот живот, ќе ѝ го отежнам тоа“ – рече Тифани.

Слични објави

Кралот Чарл е „премногу зафатен“ за да се сретне со синот Хари: Принцот пристигнува во Лондон

еспресо

Харис Џиновиќ откри дали има нова девојка: Чаршиските муабети се сè погласни!

Еспресо

Сергеј Трифуновиќ по последното апсење: Ова ме смени, сега сум повоспитан

Еспресо

Данијела Мартиновиќ проговори за здравствените проблеми: „Морам да се носам со “

Еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ по разводот на родителите донел неочекувана одлука, пејачката веднаш се огласи

Еспресо

Стоја потрошила 100.000 евра за операции и била во вештачка кома 9 и пол часа: Го променив личниот опис, но луѓето не ме прифатија

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....