16:37 - 8 ноември, 2026

Тажната судбина на Беби Дол – поранешната ѕвезда е во тешка криза, се храни во народна кујна

Драгана Тодоровиќ, попозната под уметничкото име Беби Дол, српска и југословенска пејачка и текстописец, поранешна претставничка на Србија на Евровизија е видена како се храни во народна кујна во Белград, објави српски Курир.

Беби Дол извесно време не се појавуваше во јавноста, а едно од последните нејзини појавувања во медиумите беше во емисијата „Сценирање“, по што почнаа шпекулациите дека е во тешка финансиска ситуација.

„Два или три пати Беби доаѓаше овде за да земе храна. Не сум сигурна дали го земала оброкот за себе или за некој друг, бидејќи има случаи кога некој зема храна за некој што не може да дојде. Таа физички се промени многу. Многу ослабе, изгледаше како едвај да стои на нозе. Ја препознав по косата и нејзиниот специфичен глас. Ми се чинеше само тажно“, изјави за Курир волонтер од народната кујна.

Истиот весник откри дека неколку пријатели на пејачката „не слушнале ништо за неа веќе некое време“ и дека „не се свесни за фактот дека таа е во толку лоша ситуација што би морала да јаде во народна кујна”.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....