19:35 - 27 ноември, 2026

Тања Савиќ итно го откажа настапот во Сплит поради здравствени причини

Пејачката Тања Савиќ имала закажан настап во Сплит кој морала итно да го откаже. Како причина навела нарушена здравствена состојба.

Имено, Тања Савиќ се огласила на својот профил на Инстаграм и ги загрижила своите следбеници со објава.

„Поради здравствени причини, настапот во Сплит ќе биде откажан. Ви благодарам на разбирањето“ – напишала Тања Савиќ.

Тања неодамна зборувала и за закажаниот концерт во Сплит.

„Ги закажавме концертите во Сплит, ќе има регионална турнеја, но што се однесува до моите настапи не сум толку упатена, се трудам да не ме боли глава. Опуштена сум, имам луѓе кои го работат тоа наместо мене. Имав семејни обврски, бев со децата. Задоцнивме за свадбата со Муки! По четири и пол години заеднички живот тоа и не е толку важно. Хартијата не е важна. Важен е мирот, среќата што ја чувствувате кога сте заедно“ – изјавила за „Блиц“.

Таа се осврнала и на информацијата дека нејзината колешка Мина Костиќ била примена во болницата „Лаза Лазаревиќ“.

„Информирана сум, но не знам точно што се случува. Можеби жената само отишла кај психолог или психијатар. Задржана е 30 дена? Душа моја, ми е жал. Нејзината душа знае што е тоа, што се крие зад тоа. Ја сакам многу, навистина ми е жал, мора да има добра поддршка околу себе. Најчесто најмногу нè повредуваат најблиските“ – изјавила Тања Савиќ со солзи во очите.

Слични објави

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.
Се вчитува....