16:21 - 8 ноември, 2026

(Фото) Популарниот грчки пејач стана татко! Убавата Александра роди девојче

Грчкиот пејач Константинос Аргирос и неговата сопруга Александра Ника добија второ дете. Убавата Александра се породила на 8 јуни и родила здраво девојче.

На Инстаграм се појави првата фотографија од бебето, каде што гледаме како мајката првпат го држи во прегратка.

 

Пресреќниот дедо ја потврди среќната вест, како што објавија грчките медиуми, и откри дека неговата внука ќе го носи името на нејзината баба, Миранда Патера.

– Пристигнаа во породилиштето во 7 часот наутро, а Александра роди во 16 часот здраво, прекрасно девојче. Ни даде неопислива радост и емоции, осветлувајќи го целото наше семејство. Александра, од друга страна, беше под стрес како и сите мајки во текот на секое породување. Ниту премногу, ниту премалку. Нема зборови да се опише овој благослов. Му благодариме на Бог за овој дар. Името на девојчето ќе биде Миранда – рекол гордиот дедо.

Инаку, Александра Ника го прославила својот роденден само четири дена пред породувањето.

 

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....