15:41 - 8 ноември, 2026

Стивен Сигал за Путин е тоа што е  Шон Пен за Зеленски: СЕГАЛ ГО ПРОСЛАВИ 70. роденден во „Москва“ – „Ве сакам сите!“

Како што Шон Пен е се поблиску до Зеленски, аикидо мајсторот и актер продолжува да го поддржува Владимир Путин.

На забавата за неговиот 70. роденден кој го прослави во ресторанот Москва, сите гости биле блиски до до Владимир Путин, како олигархот и водител Владимир Соловиев и главната уредничка на „Русија денес“ Маргарита Симонјан.

Стивен Сигал не се повлекува ниту милиметар од пријателството со рускиот претседател, и до денес може да се каже дека е единствениот кој не се оградил од него речиси 50 дена од конфликтот во Украина. Како што Шон Пен е се поблиску со мислењата до Зеленски, аикидо мајсторот и актер продолжува да го поддржува Владимир Путин.

Стивен Сигал во видеото објавено на Твитер сакаше да изрази зборови на поддршка кон Русија и Русите. Претходно, актерот зборуваше за Путин како „еден од најголемите светски лидери, ако не и најголемиот светски лидер, жив денес“. Внатре во ресторанот ги нарече сите присутни како „моето најдраго семејство и пријатели“. Потоа, благодарение на помошта на преведувачот објасни: „Ве сакам сите и заедно сме, во добро или во лошо“.

Во март, Стивен Сигал рече дека ги гледа Русија и Украина како дел од „едно големо семејство“.

„Се молам двете земји да постигнат позитивна и мирна резолуција за конечно да можат сите да живеат и да напредуваат во мир“, рече Сегал.

Руското Министерство за надворешни работи го поддржа говорот на Стивен Сигал, објаснувајќи дека неговата одговорност ќе биде „да ги олесни односите меѓу Русија и Соединетите Држави на хуманитарно поле, вклучително и соработка во културата, уметноста и младинската размена“.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....