09:47 - 24 септември, 2026

Станете и прошетајте на секој час – оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Ако на секој час станете од работната маса и малку прошетате или се истегнете, би можеле значително да го намалите ризикот од рак, покажува неодамнешно истражување објавено во списанието „ПЛОС медисин“. Според резултатите, секој час непрекинато седење во текот на денот е поврзан со дури девет отсто поголем ризик од смрт од рак. Проблемот не е само во тоа колку вкупно седиме, туку и во тоа колку долго седиме без прекин.

„Нашите резултати покажуваат дека влијанието на седечкиот начин на однесување врз здравјето не зависи само од вкупното време поминато во седење, туку и од тоа дали тоа време се поминува во долги, непрекинати периоди или се прекинува со движење“, истакнаа истражувачите предводени од Фредерик Ху, виш предавач по јавно здравје на Универзитетот во Глазгов, Велика Британија.

Истражување

За потребите на истражувањето, научниците ги анализирале податоците на повеќе од 91.000 учесници од големата британска база на податоци „Ју-Кеј бајобанк“. Сите учесници една недела носеле уреди за следење на активноста, со цел да се регистрира нивното секојдневно движење, а потоа биле следени околу 12 години.

Резултатите покажале дека луѓето кои долго време седат без да станат имаат поголем ризик од развој на рак или смрт од рак, особено од видовите рак кои често се поврзуваат со дебелината и дијабетесот тип 2.

Сепак, добрата вест е дека дури и кратките прекини на седењето можат да имаат позитивен ефект.

Мали промени, голем ефект

Добрата вест е дека не се потребни драстични промени во навиките за да се намали ризикот. Истражувачите утврдиле дека замената на само еден час дневно непрекинато седење со лесна физичка активност, како кратка прошетка или истегнување, би можела да го намали ризикот од смрт од рак за 12 отсто.

Научниците објаснуваат дека овој наод има и биолошка основа. Претходни истражувања покажале дека кратките периоди на движење со кои се прекинува долгото седење ги подобруваат метаболичките реакции на организмот во споредба со непрекинатото седење.

Како да го прекинете долгото седење?

Не мора веднаш да започнете со напорни тренинзи. Наместо тоа, можете да почнете со следново:

-станувајте на секој час и прошетајте неколку минути;
-направете неколку едноставни вежби за истегнување;
-станете да земете вода наместо да ја чувате покрај работната маса;
-дел од телефонските разговори разговарајте стоејќи или додека се движите.

Слични објави

(Фото) Марјан Петров го стилизираше Јаков Јозиновиќ за ревијата на „Дизел“ во Милано

Еспресо

Хороскоп за 24 септември: Овните ќе бидат енергични, Раковите ќе посакуваат љубов околу себе

Еспресо

(Видео) По 12 години си замина од „Ѕвездите на Гранд“: Еве каде се наоѓа Ана Бекута

Еспресо

(Фото) Заљубени и среќни – Вељко и Богдана Ражнатовиќ споделија емотивен момент

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска и сопругот Рубин на романтично патување во Бугарија, позираа во складни комбинации

Еспресо

„Браво, љубов моја“: Анастасија Ражнатовиќ горда на Немања Гудељ, честитки стигнаа од сите страни

Еспресо
Се вчитува....