11:49 - 7 ноември, 2026

(Фото) Марјан Петров го стилизираше Јаков Јозиновиќ за ревијата на „Дизел“ во Милано

Македонскиот фризер и шминкер Марјан Петров деновиве престојува во Милано, каде што покрај посетата на настаните во рамките на Модната недела, има и професионални ангажмани.

Овојпат Петров беше задолжен за изгледот на Јаков Јозиновиќ, младата хрватска музичка ѕвезда чија популарност во регионот значително порасна во изминатиот период.

Јозиновиќ беше меѓу гостите на модната ревија на познатиот бренд „Дизел“, а за неговиот изглед пред појавувањето на настанот се погрижи токму македонскиот стилист.

Петров сподели фотографии од нивната соработка на својот профил на Инстаграм, а притоа имаше само пофални зборови за младиот пејач и неговата позитивна енергија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marjan Petrov (@marjan__petrov)

Јозиновиќ, пак, со своите следбеници сподели видео од појавувањето на ревијата и дел од атмосферата во Милано.

Ова е уште еден интересен момент од престојот на Петров во италијанската модна престолнина. Македонскиот стилист неодамна токму во Милано го прослави својот роденден, а за време на престојот имаше можност да се сретне и да се фотографира со светски познатата манекенка Адријана Лима и американската пејачка Сијара.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....