13:37 - 24 септември, 2026

Вања Мијатовиќ проговори за разводот: „Се случија многу работи, тој излезе од станот, а јас сакам да одболувам во мир“

Познатата пејача Вања Мијатовиќ стави точка на бракот со својот сопруг Александар Манџукиќ, а за причините долго време не сакаше јавно да зборува. Со цел да ги прекине бројните шпекулации и трачеви, таа одлучи да ја изнесе својата страна од приказната за крахот на бракот. Веста за разводот прво им ја соопштила на членовите на своето семејство.

Пејачката нагласи дека таа и понатаму останала да живее во истиот стан, додека нејзиниот поранешен сопруг се иселил од домот. Таа истакна дека не сака да го уплиткува својот поранешен партнер во медиумите бидејќи тој не е дел од јавниот свет.

И покрај емотивниот крај, Вања тврди дека веќе е отворена за нова љубов и дека не се навраќа на минатите поглавја. Потсетуваме, Вања и Александар судбоносното „да“ го кажаа во октомври 2022 година, кога организираа гала веселба која чинеше околу 30.000 евра. Нивната свадба привлече големо внимание бидејќи свесно одлучија да не ги следат класичните традиционални обичаи, туку направија забава за 200 луѓе со уникатна венчавка.

По разделбата, пејачката испрати јасна порака:

„Не би продлабочувала бидејќи сакам што побрзо да помине сè што е врзано за тоа и да одболувам во мир. Не сакам тој да се меша во било што бидејќи не е дел од јавниот свет и не сака да биде. Било е сешто, но не сакам да демантирам или потврдувам било што. Веста за разводот прво им ја соопштив на моите, јас и понатаму живеам во истиот стан, а тој си замина“.

Слични објави

Цела фамилија на сцена: Ана Костадиновска се потсети на среќните денови со „ДНК“

Еспресо

Нора Шаќири по долго време се враќа на телевизија, ќе води поткаст со Пеце од „Суперхикс“

Еспресо

(Фото) Дамјан Дренковски и Александра прославија една година брак во Рим — не ја пропуштија традицијата кај Фонтаната ди Треви

Еспресо

Ѕвездите од српската естрада за дочекот на 2027 година ќе заработат богатство: Објавени и цените на билетите

apostolova

Станете и прошетајте на секој час – оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Т.Ц.

(Фото) Марјан Петров го стилизираше Јаков Јозиновиќ за ревијата на „Дизел“ во Милано

Еспресо
Се вчитува....