26.8 C
Скопје
16:00 - 29 април, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дислексија кај деца – како да им се помогне?

Дислексијата, исто така, наречена „тешкотии во читањето“, влијае врз областите од мозокот што го обработуваат јазикот.

Дислексијата претставува попреченост во учењето и во читањето. Постојат неколку видови на тешкотии во учењето, а дислексијата е една од нив, при што, како термин означува дека личноста има тешкотии со читањето, иако е доволно интелигентна и мотивирана да учи. Луѓето со дислексија имаат тешкотии да читаат течно и без грешки. Тие исто така може да имаат тешкотии во разбирање и правилно пишување.

Овие тешкотии не се поврзани со интелигенцијата на поединецот. Дислексијата е нарушување на учењето, кое вклучува тешкотии при читањето поради проблеми со идентификување на говорните звуци и разбирање како тие се поврзани со буквите и зборовите (односно нивно декодирање). Дислексијата, исто така наречена „тешкотии во читањето“, влијае врз областите од мозокот што го обработуваат јазикот.

Луѓето со дислексија вообичаено се со нормална интелигенција и нормален вид исто така.

Дислексијата се утврдува уште во детска возраст, кога се учи читање и пишување. Повеќето деца со дислексија можат да бидат успешни на училиште со помош на учителите или специјализирана програма за настава. Важна улога игра и емоционалната поддршка.

Иако не постои лек за дислексијата, раната проценка и соодветниот пристап даваат најдобри резултати. Дислексијата понекогаш останува недијагностицирана со години и како таква е непризнаена дури и во зрелоста. Но никогаш не е доцна да се побара помош.

Децата со дислексија

Детето прави визуелно читање и заклучува наместо да чита. На пример, можете да прочита „вол“ наместо „волк“ или „долго“ наместо „долно“. Децата со овој тип дислексија можат да читаат познати зборови, но им е тешко да читаат непознати, долги зборови или кованици. Децата и возрасните со дислексија може да покажат тешкотии при читање цели реченици, но и поединечни зборови. Често се јавуваат проблеми и со кратките зборови. Погрешно ги копираат зборовите иако гледаат како се напишани.

Помош за децата со дислексија

Како родители, можеме да помогнеме во лекувањето на дислексијата следејќи ги овие совети: откријте која е специфичната тешкотија на детето; работете со него на конкретни активности за надминување на неговата тешкотија; користете ја играта како работна алатка; не правете прекумерен притисок врз детето; одржувајте го детето мотивирано.

Знаци за можна дислексија

Предучилишна возраст

Знаците дека малото дете можеби е изложено на ризик од дислексија вклучуваат: доцнење во почетокот на зборувањето; бавно учење на нови зборови; проблеми со правилното формирање зборовите, како што се менување на звуците на зборовите или збунувачки зборови што звучат слично; проблем со запомнување или изговарање на имињата, буквите, бројките и боите; тешкотии во учењето детски песни или играње игри со римување.

Училишна возраст

Кога детето ќе почне да оди на училиште, знаците и симптомите на дислексија може да станат повидливи, вклучувајќи: ниво на читање многу под очекуваното за возраста; проблеми со обработката и разбирањето на она што го слуша; тешкотии да го најдат точниот збор или да формулираат одговори на прашања; проблем со запомнување на веќе учени работи; тешкотии со гледање (и повремено слушање) сличности и разлики помеѓу буквите и зборовите; неможност да се изговори непознат збор; тешкотии во правописот; потребно е подолго од вообичаеното за да се завршат задачите кои вклучуваат читање или пишување; избегнување активности што вклучуваат читање.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање за консултација и третман. Закажете на 02 3091 484

Слични објави

Марија Шерифовиќ за проширување на семејството: Еве дали ќе има и второ дете

еспресо

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо
Се вчитува....