16:12 - 7 ноември, 2026

(Фото) Анџелина Џоли поаѓа во нова насока поради децата: „Ова е потфат на самохрана мајка, децата ме научија да живеам поинаку“

Во ноември, Анџелина Џоли, актерка, режисерка и поранешна амбасадорка на добра волја на ОН и специјален пратеник за бегалци, ќе ги отвори вратите на Ателје Џоли. Таа сака да го направи брендот простор за соработка, еден вид културен центар и работилница за дизајн. Џоли има намера да работи заедно со организациите кои ги поддржуваат бегалците.

Ексклузивно за Вог, глумицата ги откри своите планови. И таа му кажа на американскиот Вог за своите планови. Фотографиите за статијата се направени од легендарната Ени Лејбовиц.

За своето Ателје Џоли, Анџелина избрала добро позната локација, број 57 – Great Jones Street во Њујорк. Имено, Енди Ворхол ја купил двокатната зграда во 1970 година, а десет години подоцна, набргу откако се запознале, вториот кат му го изнајмил на својот пријател, уметникот Жан Мишел Баскија. И сега кога фасадата е речиси целосно покриена со графити, секој уметник им оддава почит на уметниците кои создавале овде. Отсега, тука ќе создава креации Џоли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Atelier Jolie (@atelierjolieofficial)

Во интервјуто, актерката рече дека нејзината најстара ќерка, 18-годишната Захара, помогнала да се донесе одлуката при изборот на локација за нов голем проект.

„Можам да бидам многу импулсивна, но Захара е толку избалансирана, решителна и промислена. Кога таа се согласи, се чувствував како и двете да донесовме одлука“, изјави Џоли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tabitha Simmons (@tabithasimmons)

Како самохрана мајка на шест деца, Џоли смета дека ваквите големи потфати се проект за целото семејство, а таа се осврнува на темата и опширно и лично кога разговорот се насочи кон нејзините деца.

“Имав 26 години кога станав мајка. Целиот мој живот се промени. Тоа што имам деца ме спаси – и ме научи да живеам поинаку во овој свет. Мислам дека можев да умрам ако не одлучив да живеам за нив. Тие се подобри од мене.“, признава актерката во интервјуто за Вог. .

 

 

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....