07:03 - 29 ноември, 2026

Сослушан Здравко Чолиќ: Еве што кажал за бомбашкиот напад и осомничените

Здравко Чолиќ беше сослушан утрово во Јавното обвинителство во Белград, кое ја води истрагата за бомбашкиот напад на неговата куќа. Тој за време на испрашувањето изјавил дека не знае кој стои зад нападот.

Чолиќ не се приклучил на кривичната постапка против осомничените и во полиција рекол дека „никому ништо не должи и нема конфликти“.

„За време на испрашувањето, Чолиќ изјавил дека не е човек кој влегува во конфликти, особено не во конфликти поради кои некој би го нападнал на ваков начин. Рекол дека не се приклучува на кривичното гонење, бидејќи смета дека уапсените се само извршители на нечие наредба“, открива извор.

Познатиот пејач навел и дека во време на бомбашкиот напад бил во Загреб и дека не бил во куќата, но се смирил кога дознал дека неговите ќерки и сопруга се добро и дека никој не е повреден.

Според неофицијални информации, рекол и дека куќата не претрпела поголема штета, пренесува Курир.

Чолиќ во Палатата на правдата пристигнал утрово нешто пред 8 часот во друштво на соработници и во обвинителството останал околу еден час.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....