20:13 - 7 ноември, 2026

Сопругот на Гавазова потроши цело богатство со неа на шопинг во Милано

Неколку илјади евра потрошил Јасмин, сопругот на Сузана Гавазова на нивниот шопинг во Милано, за подароци за својата сакана, која секогаш изгледа одлично.

Сузана за својот стил и за тоа колку чини нејзиниот аутфит зборуваше во подкастот „Естраден лексикон“ со водителот Марио Арангеловски кој е познат по рубриката „Колку чини твојот аутфит?“

И токму на ова прашање, нашата позната фолк-пејачка откри колку ѝ чинат фустанот, чизмите, а прозборе и за скапиот часовник кој ѝ го подарил сопругот Јасмин Курузовиќ, како и за нивниот шопинг во Милано.

-Со гордост носам креација на Елена Лука која чини 5.500 евра. Чизмиве, со мојот сопруг бевме на шопинг во Милано, чизмите се на Филип Плеин, чинат исто така 5.000 евра.

Часовникот е „Ролекс“ , подарок од сопругот, не знам колку чини, треба тој да каже. Но. тој не сака да одговара на тие прашања, затоа што сигурно дека ќе има некои кои ќе осудуваат“, рече Сузана Гавазова. 

Фото/ Инстаграм

 

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....