– Следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка ќе бележат тенденцја на значителен и брз пораст, а особено топло ќе биде од средината на оваа седмица кога температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени. Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево, додека утре попладне има услови за краткотрајна и локална нестабилност. Температурите ќе бележат тенденција на значителен и брз пораст и во следните денови тие ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 30 и 37 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
наредна
Слични објави
Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“
Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија
(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз
Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“
Се вчитува....
