9.8 C
Скопје
18:52 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Еве каде снежните врнежи ќе бидат интензивни!

– Како што најавивме, утре врнежите од снег ќе се прошират и во останатите предели, а ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат во западните предели каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а истата на планините ќе се зголемува. Мала снежна покривка ќе се формира и во останатите места, освен во централните и во југоисточните предели. Ќе започне да дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Утре температурите ќе бидат значително пониски и максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, потоа за време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето ќе се задржи променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе има услови за слабо и локално провејување на снег, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени. И во Скопскиот регион утре ќе има повремени врнежи од снег, каде е можно формирање на потенка снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 4 степени.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....