07:03 - 10 ноември, 2026

Славчо Попоски: Послаби врнежи од снег и дожд и засилен ветер, еве кога

– Продолжува периодот на променливо облачно и СТУДЕНО време со сончеви периоди и истите повремено и тоа особено денес ќе бидат подолги. Од утре па натаму повремено и локално ќе има послаби врнежи од снег, само во некои од пониските места ќе има послаби врнежи од дожд и снег или влажен снег.

Во петок како и за време на викендот и тоа особено долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 12 степени во најтоплите југоисточни предели од Македонија.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, односно од утре па натаму повремено ќе има услови за проврнување на дожд и снег или на влажен снег. Исто така од петок па за време на викендот  ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 0 степени, додека максималната температура ќе се искачува до околу 8 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....