22:25 - 29 ноември, 2026

Славчо Попоски: ОВИЕ два дена ќе бидат доста топли, но дали ќе врне?

Метеопрогнозерот Славчо Попоски најавува дека поради силното јужно воздушно струење низ Македонија ќе имаме НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 12 до дури 19 степени.

Ако се прашувате кои се тие два дена кои ќе бидат топли и кои треба максимално да ги искористите, еве го одговорот од Попоски.

– Денес и утре. Исто така денес ќе има преодно стабилизирање на времето и повеќе сончеви периоди, додека во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре се очекуваат нови повремени локални врнежи од дожд.

Потоа од недела па натаму температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат а ќе дува и северен ветер, но ќе биде претежно стабилно и суво. Детална анализа околу ова следува наскоро.

Во Скопје исто така ќе биде  НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО за овој период од годината, но и ветровито а услови за повремен локален дожд ќе има утре. Температурата овие денови ќе се искачува до дури 15 степени, вели метеопрогнозерот Попоски.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....