34.8 C
Скопје
12:53 - 12 август, 2026

Сите очи вперени кон Сонцето: При затемнувањето птиците престануваат да пеат, животните се однесуваат чудно

Денешниот ден носи небесен спектакл кој ќе остане запаметен. Насекаде се зборува, медиумите низ целиот свет пишуваат за затемнувањето на Сонцето.
Станува збор за редок астрономски настан бидејќи претставува целосно затемнување на Сонцето над континентална Европа за првпат по цели 27 години, уште од историското затемнување на 11 август 1999 година. Причината за оваа долга пауза е ретката геометриска усогласеност на орбитите на Земјата и Месечината, поради која тоталната сенка во просек се враќа на иста географска локација дури на секои 375 години. Сите луѓе што ќе го набљудуваат настанот ќе бидат сведоци и на совпаѓање со самиот пик на метеорскиот рој Персеиди, што е исклучително ретка комбинација.

Но што всушност претставува овој природен процес и дали има некакво влијание врз живиот свет и природата? Подетално околу феноменот дознаваме од Скопското астрономско друштво чиј тим е во Шпанија каде што вечерва ќе се одвива централното набљудување.

-Затемнувањето ќе го набљудуваме од областа Сорија, поточно местото Гормаз. Очекуваме дека таму ќе има неколку илјади набљудувачи, раскажуваат во интервју за „Слободен печат“.

Логично по затемнувањето се очекува и намалување на температурите, но благо, објаснуваат оттаму.

-Падот на температурата зависи од локалните услови, но во одредени случаи може да достигне неколку степени Целзиусови. Со наглото ладење на површината може да дојде и до промена на локалните воздушни струења и слаб ветер. Овие промени се релативно брзи и локални и не претставуваат некаква голема или опасна метеоролошка појава. Интересно е што затемнувањето за кратко време создава услови слични на оние по зајдисонце – велат тие.

Она што е специфично при оваа појава е реакцијата на животните. Како што се објаснува во интервјуто, дел од живиот свет почнува да се однесува како да е ноќ, а некои птици престануваат да црцорат.

-Ненадејниот мрак за време на тоталитетот може да предизвика многу интересни реакции кај животните, бидејќи нивните биолошки ритми во голема мера зависат од светлината. Птиците често престануваат да пеат и се повлекуваат на места каде што вообичаено се подготвуваат за ноќ, додека некои ноќни животни може накратко да станат активни. Кај домашните животни, како кучиња и мачки, реакциите се различни и најчесто се должат на комбинација од намалената светлина, падот на температурата и необичната атмосфера – велат оттаму.

Луѓето важно е да знаат дека за време на затемнувањето не треба да погледнуваат со голо око кон Сонцето, бидејќи може да настане и слепило. На друг начин овој процес не влијае врз здравјето на луѓето.

Слични објави

(Фото) Лејла Рамковска атрактивна на Санторини — ќерката Каја ѝ беше личен фотограф

Еспресо

Јована Јеремиќ повторно се огласи по збогувањето од гледачите: „Ќе мислам на вас“

Еспресо

(Фото) Летен одмор во Охрид — Татјана Лазаревска ужива покрај езерото

Еспресо

Јелена Карлеуша се враќа на Инстаграм! Српската ѕвезда откри на кој датум ќе се случи тоа

Еспресо

Безвременската „Јовано, Јованке“ и Петре Прличко во „Солунските атентатори“ – сцена што не се заборава

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 12 август: Завршете ги започнатите проекти, вашиот труд ќе биде забележан

apostolova
Се вчитува....