23.8 C
Скопје
17:01 - 28 септември, 2026

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Вдовицата на Тома Здравковиќ открива: „Тој никогаш не бил заљубен во Силвана, туку во друга жена од нејзиното семејство“

По повод 35-годишнината од смртта на Тома Здравковиќ, на 30 септември во белградскиот Сава центар ќе се одржи голема концертна вечер во негова чест. На одржаната прес-конференција беа најавени изведувачите кои ќе учествуваат на овој музички спектакл, а од Канада по тој повод пристигна и вдовицата на Тома, Гордана Здравковиќ.

По враќањето во регионот, Гордана во емотивен разговор ја отвори душата и откри како денес живее со спомените на легендарниот пејач, но и разби еден од најголемите митови за животот на Тома, кој со години ја интригира јавноста.

На прашањето како денес изгледа нејзиниот живот без Тома, Гордана признала дека неговиот печат е присутен во секој момент и каде и да се наоѓа:

„Живеам со споменот на него. Каде и да сум, и таму и овде, бидејќи заедно живеевме на двете места. Овде некако, се вратив дома, има повеќе спомени, повеќе сеќавања. Неодамна во Печенејевце имав толку чудно чувство, како сè да се врати назад“, раскажала Гордана.

Со години во јавноста и медиумите се шпекулираше за односот меѓу Тома Здравковиќ и легендарната Силвана Арменулиќ, а многумина веруваа дека токму таа била неговата најголема и никогаш непрежалена љубов. Сепак, Гордана решила да открие што навистина се криело зад таа приказна.

„Сите ме прашуваат дали Тома бил заљубен во Силвана. Тој никогаш не бил заљубен во неа, но многу ја сакал и ја почитувал. Му била најдобра пријателка. Мислам дека имале слични судбини, па се надополнувале и си биле еден на друг рамо за плачење“, открила Гордана.

Но, тука не бил крајот на изненадувањата. Вдовицата на музичката легенда открила и детаљ кој изненади:

„Тома всушност бил многу заљубен во сестрата на Силвана, Мирјана! Силвана многу сакала тој да се ожени со Мирјана, но таа се омажила за боксер, па така завршила таа приказна. Тоа е нешто што можеби многумина не го знаеле“, заклучила Гордана, а пренесува „Курир“.

Слични објави

(Видео) Карлеуша и нејзините ќерки се иселуваат од вилата – Ника се огласи доцна во ноќта

Еспресо

(Фото) Мина Блажев во кратко бело фустанче ја прослави веридбата — го покажа и вереничкиот прстен

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.
Се вчитува....