01:52 - 8 ноември, 2026

(Видео) Карлеуша и нејзините ќерки се иселуваат од вилата – Ника се огласи доцна во ноќта

Ќерката на пејачката Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, Атина Тошиќ, е подготвена за ново поглавје. Таа се сели во Милано, каде што ќе живее во следните неколку години, сè додека траат нејзините студии.

Атина неодамна стана полнолетна и веќе е подготвена да стане целосно независна. Сепак, на почетокот, нејзината мајка Јелена и нејзината сестра Ника ќе живеат со неа.

Како што неодамна откри Карлеуша, таа и Ника ќе останат во Италија некое време, додека Атина не се опушти и не се чувствува безбедно, а потоа Душко и Јелена ќе се менуваат кај неа, за да не биде сама цело време.

Ника се огласи доцна синоќа и сподели емотивен клип со својата сестра на Тикток.

@_nikatosicIdem da ispratim seku

♬ original sound – 🫶🏻

– Ќе ја испратам сестра ми – напиша Ника Тошиќ заедно со песната на Тоше Проески „Дали си среќна“.

Многумина ја забележаа големата промена на Атина, бидејќи таа од русокоса стана бринета.

Да потсетиме, Атина и нејзиниот татко Душко неодамна отидоа да го изберат станот каде што ќе живее за време на студиите, а во кој сега ќе се всели.

Јелена Карлеуша неодамна проговори за тоа: „Атина ќе студира моден менаџмент на престижен универзитет. Имам многу пријатели таму, ќе имаме убав стан“, па додаде: „ Ќе го организираме тоа така што Атина ќе е апсолутно безбедна, или Душко или јас ќе бидеме со неа цело време. Така се договоривме. Го сакам Милано поради шопингот“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....