02:51 - 8 ноември, 2026

(Фото) Мина Блажев во кратко бело фустанче ја прослави веридбата — го покажа и вереничкиот прстен

Македонската пејачка Мина Блажев неодамна откри дека се свршила со својот партнер, а изминатиов викенд следуваше и прослава по повод веридбата.

Среќниот момент пејачката го одбележа во друштво на најблиските, а дел од атмосферата од прославата ја сподели и на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/Мина Блажев

За оваа пригода, Мина избра краток бел фустан, а на фотографиите позира насмеана и го покажува вереничкиот прстен.

Веста дека ќе стапи во брак Блажев ја сподели со јавноста на 13 септември. Тогаш за првпат објави фотографија од прстенот и откри дека му кажала „да“ на својот избраник.

Фото: Инстаграм/Мина Блажев

Пејачката, сепак, приватниот живот го чува подалеку од јавноста и досега не го открила идентитетот на својот вереник.

Со најновите фотографии, Мина покажа дел од прославата со која парот го одбележа новото поглавје во нивната врска.

Фото: Инстаграм/Мина Блажев

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....