-4.2 C
Скопје
03:18 - 23 декември, 2024

СИ ЈА ОСТАВИ ЖЕНАТА ПОРАДИ НЕА, ЗА ПОТОА ДА ЈА ИЗНЕВЕРУВА со Карла Бруни

џери хал

 Тој е прекрасен татко, но ужасен сопруг!

Една од најпознатите манекенки и модели, која на свои дваесет години веќе беше на четириесет насловните страници во над четириесет најпрестижни модни списанија, се дружеше со Грејс Џонс и Џесика Ланг и предизвика епско непријателство помеѓу Мик Џегер и Брајан Фери, пред скоро време наполни 65 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jerry Hall Archives (@thejerryhall)

Покрај модните писти и ревиите на познати модни дизајнери, ја видовме и во филмови, а нејзиниот танц во видеото на Брајан Фери „Ајде да се држиме заедно“, сè уште ја скокотка фантазијата на мажите. Џери Хол е најдолгата врска на Џегер. Мик започна да се гледа со оваа девојка од Тексас кон крајот на 1977 година, додека тој сè уште беше во брак со Бјанка, а таа пак, вереница на Брајан Фери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jerry Hall Archives (@thejerryhall)

Таа, наводно, била инспирација за култната песна на Стоунс „Ми недостасуваш“. Во моментот кога се запознала со Џегер, таа беше една од најплатените фото-модели во светот и важеше за многу влијателна жена во светот на шоу-бизнисот. Од врската со Џегер, таа роди четири деца. Тие се разведоа во 1999 година, кога бразилскиот фото-модел Лусијана Хименез објави дека ќе роди дете чиј татко е пејач на Ролинг Стоунс. Џери Хол и Мик Џегер долго време пред тоа, живееа во вонбрачна заедница во Ричмонд (Лондон). За време на бракот со Џери, од 1991 до 1994 година, тој имаше врска со италијанската пејачка и модел Карла Бруни, која подоцна стана прва дама на Франција. Џери дозна за врската и интервенираше, а Карла подоцна рече: „Можеби бил со уште десет жени додека беше со мене“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jerry Hall Archives (@thejerryhall)

Џери имала свои пари, што значи дека скапоценото богатство на Џегер било безбедно, но сепак страдала од неговите врски со многу помладите жени кои тој и понатаму ги имал. Мик и Џери свадбената церемонија ја направија на плажа во Бали во 1990 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jerry Hall Archives (@thejerryhall)

Сепак, оваа свадба беше прогласена за нелегална за време на нивниот развод со Високиот суд во Англија во 1999 година, па бракот беше поништен „со заеднички договор“. Џери Хол го опиша петмилионското израмнување, заедно со вилата во Ричмонд надвор од Лондон, како „многу, многу великодушно“.

Секако дека Мик разговара со децата често. Тој е навистина прекрасен татко“, рече Џери Хол, додавајќи дека има и многу добри односи со него затоа што освен четирите деца, тие се пријатели веќе 30 години. Но, Џери Хол вели дека Мик бил многу лош сопруг. Во 2016 година, Џери Хол се омажи со мултимилијардерот Руперт Мардок.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....