23.8 C
Скопје
15:10 - 1 октомври, 2026

ШТО ЗНАЧИ КОГА СОНУВАТЕ ДЕКА ПАЃАТЕ: Психолозите имаат објаснување

ДЕВОЈКА

Скоро на секој од нас му се случило некогаш да се разбуди од сон испотен, исплашен, а срцето како да сака да му излезе од градите. Сте сонувале како паѓате во бездна. Таквите соништа честопати можат да бидат многу страшни, а нивното значење може да биде различно.

Во повеќето случаи, кошмарите се поврзаниа со некое искуство или случување од вистинскиот живот – некои директно, а некои преку комплицирана симболика.

Ако ја откриете причината за таквите соништа, можете да ги расветлите потиснатите стравови и можеби да ги решите.

На повеќето од нас ни се случило да се разбудиме со чувство дека го губиме тлото под нозете. Често нашето срце почнува да чука брзо, а сонот дури и продолжува додека „паѓаме“.

Таквиот сон обично одговара на ситуации во кои се чувствуваме предадено, без доволно поддршка.

Може да се случи кога во реалниот живот сме разочарани, сме ставиле крај на љубовна врска или сме изгубиле пријател. Во повеќето случаи, психолозите го толкуваат овој сон како повик од нашата потсвест да се соочиме со нашите емоции и да го надминеме искуството на напуштање.

Што значи кога сонувате дека некој друг паѓа?

Овој сон ја одразува вашата врска со некого кога знаете дека има лични проблеми или се сомневате дека е во тешка ситуација и дека му е потребна помош.

Ако не знаете како да помогнете, најдобро е да ја прашате личноста која сте ја сонувале како се чувствува и што можете да направите за неа.

Често се случува оваа личност да биде некој ваш близок, на кого му е потребна вашата поддршка и внимание. Сонот во кој гледате како човек паѓа го претставува неговото страдање и потребата за ваша помош.

Слични објави

„Го удри трамвај среде Белград“: Тома Здравковиќ доживеал сообраќајна несреќа кратко пред смртта

Е.А.

„Игор го немам видено 15 дена“: Кеба отворено за синот, бремената снаа и подготовката за новата животна улога

Е.А.

(Видео) Дарко Лазиќ ја прегрна вдовицата на Тома Здравковиќ додека ѝ го пееше познатиот хит од покојниот сопруг

Е.А.

Ви трне едната страна од телото? Еве кога причината е безопасна, а кога е потребна итна помош

Еспресо

Александра Јанева сподели момент со ќеркичката Тина: Најважната улога во животот

Еспресо

Урната куќата на Весна Змијанац во Ковачи: Соседите откриваат што се гради на нејзино место

Еспресо
Се вчитува....