9.8 C
Скопје
12:41 - 31 март, 2026

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

HBO Netflix

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Claws – Серија на „HBO“

Во салон за нокти во Флорида, пет вредни жени се обидуваат да врзат крај со крај упрајувајќи со опасните лични животи преплавени во драма. Инспиративната сопственичка на салонот Десна, која живее и се грижи за нејзиниот болен брат близнак е растргната меѓу приватниот и професионален живот.

Жанр: драма / IMDB оценка: 7.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 82%

A Boy Called Christmas – Филм на „Netflix“

Едно обично младо момче Николас тргнува во авантура на снежниот север во потрага по својот татко кој е во потрага да го открие легендарното село на џуџињата, Елфхелм. Со себе го зема тврдоглавиот ирвас наречен Блицен и лојалото глувче. Дали Николас е подготвен да се соочи со својата судбина?

Жанр: фантазија / IMDB оценка: 6.7 / Rotten tomatoes рејтинг: 83%

French Exit – Филм на „HBO“

Една вдовица социјалистка од Њујорк живее од наследството од нејзиниот сопруг. Откако ќе потроши се, таа, нејзиниот бесцелен син и мачката се селат во мал стан во Париз почнувајќи навидум нов живот.

Жанр: драма/комедија / IMDB оценка: 5.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 64%

Lupin – Серија на „Netflix“

Инспириран од авантурите на Арсен Лупин, господинот крадец Асан Диоп тргнува да се одмазди за една тешка неправда нанесена од богато семејство.

Жанр: мистерија / IMDB оценка: 7.5 / Rotten tomatoes рејтинг: 97%

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....