22 C
Скопје
00:08 - 30 јули, 2026

Шолц ги најави последиците за Кина доколку испратат оружје во Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека поради војната на Москва во Украина ќе има „последици“ доколку Кина и испрати оружје на Русија, но дека е оптимист дека Пекинг ќе се воздржи од тоа.

Шолц ова го изјави во интервју за американската ТВ Си-Ен-Ен, два дена по средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон.

Американските власти неодамна предупредија дека Кина би можела „да се оддалечи од маргината“ што ја држи и да почне да испорачува оружје и муниција за Москва. Пред неговото патување, Шолц го повика Пекинг да се воздржи од испраќање оружје и наместо тоа да го искористи своето влијание за да изврши притисок врз Русија да ги повлече своите трупи од Украина.

Запрашан од Си-Ен-Ен дали може да замисли да се санкционира Кина ако ѝ помогне на Русија, Шолц рече: „Мислам дека ќе има последици, но сега сме во фаза кога јасно велиме дека тоа не треба да се случи, а јас сум релативно оптимист дека во овој случај ќе бидеме успешни со нашето барање, но ќе мора да го разгледаме и мора да бидеме многу, многу внимателни“.

Германија има најголема економија во Европа, а Кина е нејзин најголем трговски партнер во последните години.

По враќањето во Германија и откако неговиот кабинет се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Шолц беше прашан од новинарите дали добил конкретни докази од Соединетите Држави дека Кина размислува за испорака на оружје и дали ќе ги поддржи санкциите против Пекинг ако Кина помогне во вооружувањето на Русија.

– Сите се согласуваме дека не смее да има испорака на оружје, а кинеската влада изјави дека нема да го достави – одговори канцеларот. „Тоа е она што го бараме и го следиме.

Фон дер Лејен рече дека „немаме докази за тоа, но мораме да ја следиме ситуацијата секој ден“.

Таа рече дека дали Европската унија ќе ја санкционира Кина за воена помош за Русија е „хипотетичко прашање на кое може да се одговори само ако стане реалност и факт“.

Во интервјуто, Шолц зборуваше и за ситуацијата во Украина и рече дека нема да ја притиска Украина на непријатни компромиси и дека основата за преговорите е повлекување на руските војници од Украина.

– Нема да има одлуки без Украинците. Многу е тешко да се процени што ќе се случи понатаму во Украина, но има едно нешто што е сосема јасно: ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина со финансиска и хуманитарна помош, но и со оружје – рече Шолц.

 

Слични објави

Аца Амадеус е во врска со 23 години помладата пејачка Барбара Бојовиќ: „Конечно ја најдов љубовта на мојот живот“

Еспресо

Лазар Бараков ги стави на страна несогласувањата со Гоце Тодоровски и емотивно се прости од него

СП.

(Видео) Теа Таировиќ со емотивна порака по настапот во Будва: „Ви благодарам што ме сакате и дебела и слаба, боса и облечена!“

Еспресо

Златко Јовановски: „Сум одбил да креирам за македонски јавни личности кои барале фустан гратис“

Еспресо

(Фото) Гаги и Ѓоле Ѓогани покажаа кој е во подобра форма: Разликата меѓу нив е повеќе од една деценија, а изгледот ги воодушеви фановите

apostolova

„Долго размислувам да посвојам дете“: Индира Левак за борбата за потомство и желбата да стане мајка

Е.А.
Се вчитува....