14.8 C
Скопје
22:09 - 28 април, 2024

Шокантно судско сведочење на Милена Радуловиќ: „Ми рече дека добро глумам кога ќе добијам шамар“

Основното распитување на српската актерка Милена Радуловиќ се одржа вчера во рамки на судењето на Мирослав Алексиќ, а прашања постави неговиот бранител Зоран Јаковљевиќ.

Актерката Милена Радуловиќ, која прва го пријави за силување сопственикот на драмското студио Мирослав Алексиќ, вчера го започна своето сведочење во Вишиот суд во Белград. Таа беше сослушана од бранителот на Алексиќ, Зоран Јаковљевиќ, а дел од деталите што ги изнесе се крајно шокантни, пренесува српски Телеграф.

Целото сведочење беше шокантно, како за актерката која повторно го преживеа сето тоа, така и за многубројната публика во судницата. Милена зборувала и за сознанијата за другите девојки кои го пријавиле Алексиќ, но најтешко и било да ги прераскаже деталите од она што таа тврди дека го доживеала.

Радуловиќ рече дека првите шест години што ги поминала во драмското студио на Алексиќ „не можела да знае што ќе се случи на местото каде што дотогаш се чувствувала најбезбедно“. На часовите кај Алексиќ доаѓала од 11-годишна возраст, а злоупотребата се случила кога имала 17 години, пренесува српски Телеграф.

-Кога првпат се случи, мислам на почетокот на ноември, бакнежот, бев во шок. Не можев да си објаснам што се случи. Мислев дека тоа е некој вид на тест за да видам дали сум силна затоа што ништо слично не се повторуваше со недели, но потоа во една прилика тој со прстите пенетрираше во моето тело. Бев исплашена, се чувствував изневерено. Оној од кого бев воодушевена, ми го направи ова. Се чувствував валкано, мислев дека ме казнува. Се прашував зошто јас – рече Милена.

Таа истакна дека и после се, таа продолжила да доаѓа на часови по глума бидејќи Алексиќ ѝ се заканувал.

– Ми се закани дека ако си заминам, тоа ќе влијае на мислењето на моите пријатели, дека ќе ми се згади од партнерот. Ме шамараше пред сите, ме туркаше додека не ја удрив главата во плакарот. Толкаво влијание имаше врз сите што сите веруваа дека тоа е вежба. Рече дека Милена добро глуми кога ќе добие две-три шлаканици. Сите аплаудираа. После тоа размислував да се самоубијам – додаде Радуловиќ.

Таа рече дека Алексиќ „ја повредил како никој друг во животот“ и дека тоа не е актерска вежба и дека таква вежба никогаш немале ниту во актерската школа ниту на факултет.

Опишувајќи го денот кога Алексиќ непримерно ја допрел за прв пат, таа рече дека сите си заминале, а Алексиќ ѝ рекол да го почека во канцеларија. Потоа и рекол да стане, а потоа ѝ пришол и ја бакнал.

-Ми ги допираше рацете, задникот, велејќи дека мора да се тренира. Не го сфатив веднаш тоа како закана, мислев дека зборуваме за мојата физичка подготвеност. Подоцна ме праша за мојот сексуален живот. Употребуваше недолични зборови, дали водам љубов, колку, дали доживувам оргазам, дали сум сувоп*честа, дали сакам да го правам тоа и со кого. На крајот на тој ден, тој ме бакна, бев во шок. Тој имаше 61 година, а јас 17. Навистина одвратно – револтирано додаде таа, пренесува српски Телеграф.

Таа му одговорила на својот професор дека имала сексуални односи и со кого, но на другите прашања не му одговорила.

– Се тресев, имаше многу непријатни прашања, не знаев која е целта. Кога сакаше да ме бакне, ме фати за задниот дел од главата. Не можев да се ослободам, бев парализирана. Се обидов да ја свртам главата, но не можев, цврсто ме држеше. Ме бакна, ми ја фиксираше главата. Неговата друга рака беше на мојот грб. Се обидов да го оттурнам, но не можев. Кога тргна кон мене, помислив дека ќе ме прегрне татковски. Знаеше така да нè гушне и да каже „оо ќерко“ или „глупачо“. Моето тело веќе немаше рефлексни движења, тие не беа когнитивни – рекла таа.

На прашањето на адвокатот зошто не стегнала заби и на тој начин да го спречела Алексиќ да ја бакне, посочувајќи дека тоа е „едноставен рефлекс ако не сака некој да ја бакне“, таа одговори дека се се случило брзо, дека „ неговиот јазик бил веќе во нејзината уста пред да има време да реагира“.

– После тоа ми рече да ги раширам нозете. Го послушав бидејќи тоа беше наредба. Ме фати со раката преку хулахопките и ми рече „мора да е набрекната како јаболко“. После тоа ми рече „Ајде дома“ и јас си заминав. Татко ми, кој дојде да ме земе, виде дека сум вознемирена, но не беше прв пат да го напуштам часот така. Мика знаеше да избере еден до тројца кои ќе ги понижува,  па тато мислеше дека поради тоа се чувствувам лошо – рекла таа.

Како што рекла, се плашела од Алексиќ, не знаела на кои се начини може да ја повреди.

– Уживаше во мојата болка и солзи. Сите го слушавме, од мали немавме прилика сами да управуваме, туку само како што тој ќе кажеше. Тоа беше и правило, „нема самоуправување во групата, управува само Мика“ – вели таа.

Сведочењето на глумицата во судницата траело повеќе од три часа.

 

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....