12:20 - 29 ноември, 2026

Северина повторно на суд зад затворени врати: По рочиштето изговори само три зборови

Пејачката Северина Вучковиќ вчера се појави на Општинскиот кривичен суд во Загреб, во придружба на своите адвокати Јадранка Слоковиќ и Чедо Продановиќ.

Причината за рочиштето се две кривични дела за што ја товарат — наметливо однесување кон директорката на Основното училиште, Љиљана Клингер и поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади во Загреб, Гордана Булјан Фландер.

Постапката, која започна година и пол по поднесувањето на обвинението, трае повеќе од две години и се води зад затворени врати. Обвинителството го покрена случајот откако утврдило дека пејачката им испратила повеќе од 150 пораки на двете жени.

Северина ја негира вината, а „Јутарњи“ ги пренесе нејзините зборови:

„Не знам што би направиле вие на мое место. Ми го чепнаа детето. Наместо државата да ме заштити мене и моето дете, тие подигнаа обвинение против мене затоа што сум им праќала пораки на двете жени, кои притоа воопшто не ме блокираа. Тие веднаш ѝ пишале на главната обвинителка и барале да се занимава со мене, наместо самите да бидат предмет на истрага затоа што правеле недозволени постапки од позиција на моќ. Тие се дел од луѓето кои беа вмешани во тоа, детето да ми биде одземено 20 месеци. Моите пријави и пријавите на други жени, кои исто така ги уништија заедно со нивните деца, лежат во фиоки низ институциите — и тоа е проблемот на оваа држава.“

По рочиштето, кое со кратка пауза траело два часа, адвокатскиот тим на Северина одби да даде изјава, повикувајќи се на тајноста на постапката.

Тие не зборувале за случајот, а видно расположена Северина по сведочењето кратко изјавила:

„Таа сè излажа!“

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....