10:10 - 29 ноември, 2026

(Фото) Сања Савеска е супер домаќинка: Водителката го покажа својот дом

Сања Савеска е супер домаќинка. Водителката од „Брза кујна“ го покажа својот дом и себеси во едно несекојдневно издание.

Имено, Сања месеше новогодишни колачи, а тоа го покажа на своите профили на социјалните мрежи.

Фото / Инстаграм

Неодамна, Савеска откри што навистина се случува зад камерите на „Брза кујна“, познатото кулинарско шоу на ТВ „Сител“ кое таа го води.

Откако шеф Боби по повредата на ногата пак се врати во студиото и заедно со шеф Никола подготвува вкусни специјалитети, Сања објави видео под кое напиша: „И по големиот број на прашања како е шеф Боби, еве го одговорот.“

А, на видеото, таа, Никола и Боби играат Пајдушко оро. Сања го објави на својот фејсбук-профил и едноставно напиша: „Таман сме!“

– Сакам да готвам, јас всушност сакам да поминувам време дома и да бидам со најблиските. Овие неколку години откако сум во „Брза кујна“, сакам да ги пробувам рецептите на шефовите, и нормално не ми излегуваат така вкусни како што тие ги подготвуваат.

Треба уште да „крадам“ од нивните вештини. Но, знам да подготвам убави традиционални јадења, знам и кифлички да месам, и тоа меки и убави како душа – рече Сања во една прилика за „Слободен печат’.

Слични објави

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.
Се вчитува....